среда, 8. јули 2020. Вести денес: 259
МЕГА БОМБА

ВИДЕО: Тежок меѓународен блам на Заев, лажеа дека спречиле хибриден напад, а Заев пред пранкери го напаѓа Макрон, затвора аеродром, ќе населува мигранти

home Вести

Мицкоски оствари телефонски разговор со претседателот на Европската народна партија Туск

Мицкоски оствари телефонски разговор со претседателот на Европската народна партија Туск

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денес оствари телефонски разговор со Претседателот на Европската народна партија и поранешен претседател на Европскиот Совет Доналд Туск.

-Разговаравме за здравствената и политичка состојба на државата и регионот. Во пријателскиот разговор ја споделив мојата огрoмна загриженост од експлозијата на корона пандемијата и огромната прогресија на вирусот кој директно го загрозува здравјето на нашите граѓани. Ја истакнав мојата оценка дека Владата и Комисијата за заразни болести која работи под политички диктат во овие сложени услови нема никаква стратегија и план за излез од кризата што не доведува во ситуација да се превземаат ад хок мерки без оддржлив ефект. Во разговорот постигнавме заемна согласност дека најпрво е потребно владата и останатите одговорни субјекти заеднички да ја победиме короната, па дури потоа да се спроведат кредибилни и слободни избори кои ќе ја одразат волјата на граѓаните, бидејќи се друго дополнително би ја акцелерирало заразата со нови жртви и истото би било неодговорно спрема граѓаните, откри Мицкоски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ истакна дека разговарале и за соработката во рамките на Европската народна партија како најголема политичка сила во рамките на Европската Унија  при што ја истакнал важноста за напредок на европските аспирации на Република Македонија.

-Се договоривме да ја продолжиме заемната комуникација и да се следи состојбата во наредниот период со економската и здравствената криза, истакна тој.

Парламентарни избори 2020