Остварив телефонски разговор со претседателот на Европската народна партија г. Доналд Туск, кој воедно беше поранешен Претседател на Европскиот Совет и премиер на Полска. Разговаравме за актуелните случувања во земјава, го информирав за високиот степен на криминал и инволвираноста на високи претставници на владата во таквиот криминал кој поминува неказнет, како и широката распространетост на корупцијата и гушењето на слободата во земјата. Не е можен напредок, со корумпирано судство, не се можни фер избори со поткуп, и двојни стандарди. Не е можна нормалност со силеџиска и исплашена влада која турка закони за лични интереси на грбот на народот. Договоривме со г.Туск понатамошна соработка и поддршка во рамките на заедничките процеси во интерес на ВМРО-ДПМНЕ и Македонија. Благодарност за поддршката! Напиша на Фејсбук пртседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
Остварив телефонски разговор со претседателот на Европската народна партија г. Donald Tusk, кој воедно беше поранешен…
Posted by Hristijan Mickoski on Wednesday, May 12, 2021