сабота, 15. август 2020. Вести денес: 73
home Вести

Мицкоски оствари средби со Антонио Тајани, Маријана Петир и Катја Леикерт

Мицкоски оствари средби со Антонио Тајани, Маријана Петир и Катја Леикерт

Во рамки на посетата на Загреб каде што се одржа изборот за претседател на Европската народна партија, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христија Мицкоски денеска оствари неколку средби со високи претставници од сестринските партии како и големи пријатели и поддржувачи на Република Македонија.

-Во Загреб имав средба со потпретседателот на Европската народна партија и доскорешниот претседател на Европскиот парламент Антонио Тајани, со пријателот на Македонија и голем поддржувач, поранешната европарламентарка Маријана Петир, како и со Катја Леикерт од групата ЦДУ ЦСУ. Разговаравме за актуелните проблеми во Македонија, проблемот со криминалот, корумпираното судство, и стагнацијата на реформите. Побарав поддршка и продлабочена соработка која ќе донесе напредок на европските интеграции. Македонија мора да се издигне над ниските страсти на власта, нејзините лоши политики и популизмот кој е покритие на нивната нервоза поради престојниот пораз, пишува на Фејсбук претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Коронавирус