четврток, 20. септември 2018. Вести денес: 116
home Вести

Мицкоски оствари средба со Тачи

Мицкоски оствари средба со Тачи

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, оствари средба со Претседателот на Република Косово, Хашим Тачи.

-На средбата соговорниците се осврнаа на повеќе прашања кои се од билатерално и регионално прашање. Мицкоски и Тачи ја афирмираа потребата од понатамошен развој на добрите односи помеѓу Република Македонија и Република Косово, информираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Соговорниците се осврнаа и на актуелната политичка состојба во Република Македонија.

-Мицкоски ги повтори ставовите на ВМРО-ДПМНЕ поврзани со потпишаниот Договор со Република Грција и нагласи дека Партијата не може да поддржи Договор со таква содржина, додаваат од партијата.