сабота, 19. октомври 2019. Вести денес: 79
home Вести

Мицкоски оствари средба со помошник американскиот државен секретар за Европа и Евроазија, Вес Мичел

Мицкоски оствари средба со помошник американскиот државен секретар за Европа и Евроазија, Вес Мичел

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска оствари средба со помошник американскиот државен секретар за Европа и Евроазија, Вес Мичел.

Како што велат во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ, на средбата се разговарало за актуелната политичка состојба, евроантлантските интеграции на Македонија како и актуелниот референдум за договорот со Грција.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, истакнал дека за Македонија членството во НАТО и во ЕУ  е од стратешки и државен интерес, а дека Македонија и ВМРО-ДПМНЕ на САД гледаат како на најголем свој партнер и сојузник.

Мицкоски подвлекол дека договорот со Грција е неприфатлив за ВМРО-ДПМНЕ и е надвор од нејзините познати принципи и начела и додал дека  ВМРО-ДПМНЕ останува на ставот за негово не прифаќање.

-Соговорниците се согласија дека Евроатланската интеграција е клучен фактор за стабилност во нашиот регион и дека е потребна поддршка во насока на реформи кои се од значење за остварување на тие цели, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.