сабота, 8. мај 2021. Вести денес: 0
home Вести

Мицкоски оствари средба со Каролине Едштадлер, министер за Европа и Устав на Австрија

Мицкоски оствари средба со Каролине Едштадлер, министер за Европа и Устав на Австрија

Денес (04.05.2021) претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски заедно со потпретседателот на партијата Александар Николоски и секретарот за меѓународна соработка Тимчо Муцунски остварија средба со Каролине Едштадлер, министер за Европа и Устав на Австрија.

На средбата претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски ги афирмираше добрите билатерални односи на Австрија со Македонија и се заблагодари за принципиелната поддршка за евроинтеграцискиот пат на нашата земја.

Мицкоски нагласи дека отворањето на пристапните преговори, без дополнителни услови надвор од основачките принципи на ЕУ, треба да се случи час поскоро. Истовремено, во Македонија се потребни суштински реформи во правосудниот систем и борбата против корупцијата, а за жал во последните години гледаме постојано назадување токму во тие области.

Мицкоски и Едштадлер разговараа за потребата од систематски реформи насочена кон правна сигурност, деполитизација на правосудството и јавниот сектор како и зголемена економска и трговска соработка помеѓу Македонија и Австрија.

Коронавирус