сабота, 21. мај 2022. Вести денес: 0
home Вести

Мицкоски оствари средба со италијанскиот амбасадор, Андреа Силвестри

Мицкоски оствари средба со италијанскиот амбасадор, Андреа Силвестри

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, проф. д-р Христијан Мицкоски, денеска оствари средба со Андреа Силвестри, амбасадор на Италија во Македонија.

На средба се разговараше за актуелната политичка и економска ситуација во земјата, но и за македонските евроинтеграции.

Мицкоски изрази загриженост што Македонија покрај економската и здравствената криза се најде во уште две кризи, енергетска и криза со снабдување со топлинска енергија при што посочи дека власта не само што не може да се справи со нив, туку истите ги продлабочува.

Тој посочи дека новата влада која е само континуитет на претходната нема план, а ни капацитет да одговори на предизвиците со кои се соочува земјава, а не може ни соодветно да им помогне на граѓаните кои секојдневно се изложени на се поголеми трошоци токму поради погрешните и неразумни политики на власта.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ на средбата посочи дека власта не може да одговори на клучните работи важни за европска интеграцијата интеграција како што се реформите во правосудството, владеење на правото и намалување на високата корупција.

Мицкоски потенцираше дека за надминување на кризата и тешката ситуација во која се наоѓа Македонија и водени од волјата на граѓаните од последните локални избори,  потребни се предвремени парламентарни избори. Тој изјави дека ВМРО-ДПМНЕ е подготвено да откаже од техничката влада и да се согласи на една изборна едница доколку е тоа пречката, бидејќи Македонија повеќе не смее да назадува и мора конечно да почне да оди напред.

Најнови вести

Коронавирус