недела, 2. октомври 2022. Вести денес: 0
home Вести

Мицкоски оствари средба со хрватската амбасадорка во Македонија, Данијела Баришиќ

Мицкоски оствари средба со хрватската амбасадорка во Македонија, Данијела Баришиќ

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски заедно со членот на Извршниот Комитет, Златко Перински, оствари средба со Хрватската амбасадорка во Република Македонија, Данијела Баришиќ.

Како што информираат од партијата на средбата се разговарало за теми поврзани со регионот, актуелните случувања во државата и стратешките интереси на државата за како Хрватска може да и помогне на Македонија во нејзините Евроатлански интеграции.

-Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски ја запозна својата соговорничка со актуелната политичка состојба во државата, при што беше нагласено  дека во државата е загрозена демократијата  преку политичкиот терор  кој го спроведува власта, немањето дебата за клучните прашања  и катастрофалните економски политики кои се повеќе ги осиромашуваат граѓаните.Во насока на соработката помеѓу двете држави се разговараше за неодамнешната посета на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на Република Хрватска во чии рамки беше остварена средба со хрватскиот претседател, Андреј Пленковиќ.  Од страна на Мицкоски беше  истакнато дека Република Хрватска е долгогодишен пријател на Република Македонија и важно е меѓусебното взаемно пријателство да се искористи за дополнителна економска и политичка соработка што ќе придонесе во на јакнење на регионалната поврзаност, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

На средбата беше потенцирано дека од  огромно значење е хрватската поддршка  како членка на Европската Унија и НАТО,  кон кои се стреми Македонија. Меѓутоа важно е македонските власти да се посветат приоритетните реформи каде нема никаков напредок и на зголемување на политичкиот дијалог  преку вклучување на опозицијата во креирање на клучните прашања  на Република Македонија.

Коронавирус