среда, 26. февруари 2020. Вести денес: 0
home Вести

Мицкоски оствари средба со Гунта Пасторе: Високи функционери на власта се вклучени во најголемите криминални и корупциски скандали

Мицкоски оствари средба со Гунта Пасторе: Високи функционери на власта се вклучени во најголемите криминални и корупциски скандали

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, заедно со секретарот за меѓународна соработка Тимчо Муцунски денеска оствари средба со амбасадорката на Република Латвија Гунта Пасторе.

На средбата  се разговараше за актуелната политичка ситуација во Република Македонија, реформските процеси и македонската интеграција во Европската Унија и НАТО.

Мицкоски потенцираше дека членството во ЕУ и НАТО останува клучна стратешка определба на државата, но изрази загриженост заради недостигот на реформи кои владата на СДСМ не успеа да ги исполни заради што Македонија не доби датум за членство во Европската Унија.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ истакна дека актуелната власт спротивно на исполнување на приоритетните реформи ги зароби правосудните органи и заглави во сопствениот криминал и корупција. Наведе дека високи функционери на власта се вклучени во најголемите криминални и корупциски скандали како Рекет 1 и Рекет 2 за кои се водеше крајно непрофесионална истрага и се далеку од разрешница.

Мицкоски посочи дека по преземањето на власта, ВМРО-ДПМНЕ веднаш ќе се посвети исполнување на клучните реформи, поголема независност на институциите и брзо подигање на македонската економија која во моментов е на дното.

Соговорниците се согласија дека се добри односите помеѓу двете држави и дека постои простор за натамошна поголема соработка помеѓу Република Латвија и Република Македонија.