вторник, 29. септември 2020. Вести денес: 169
home Вести

Мицкоски оствари средба со делегација на НАТО

Мицкоски оствари средба со делегација на НАТО

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, денес придружуван од Владимир Ѓорчев и Александар Николоски оствари средба со делегација на НАТО, предводена од Горазд Бартол шеф на канцеларијата за врски на НАТО во Македонија на која се рзговарало за приоритетите на Република Македонија за нејзино членство во НАТО, актуелните политички случувања во земјата, како и за реформските процеси.

Од ВМРО-ДПМНЕ соопштуваат дека на предбата партискиот лидер истакнал дека стратешка определба на  Македонија е полноправно членство во НАТО.

-Мицкоски посочи дека членството на Македонија во НАТО останува интерес и цврста определба на ВМРО-ДПМНЕ. Исто така на средбата Мицкоски го информираше Бартол за политичкиот прогон на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за Подобра Македонија од страна на власта, како и за одлуката  за неучество во работата во Собранието на пратеничката група предводена од ВМРО-ДПМНЕ, се додека не се создадат услови за нормално демократско функционирање на Собранието. Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, истакна дека ВМРО-ДПМНЕ  е подготвена да ги поддржи реформските процеси за кои ќе оцени дека е во интерес на државата, но исто така  е потребна активност  и добра волја од страна на власта преку конкретни чекори со кои ќе ја потврди сериозноста во пристапот за реформските процеси кои треба да се спроведат, се наведува во партиското соопштение.

Од ВМРО-ДПМНЕ додаваат дека на средбата стана збор и за престојната посета на Македонија на Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг и за билетералната средба помеѓу претседателот на ВМРО-ДПМНЕ  Мицкоски и Генералниот секретар на НАТО, Столтенберг.

Коронавирус