петок, 22. октомври 2021. Вести денес: 27
home Вести

Мицкоски оствари средба со амбасадорот на Република Франција, Сирил Бомгартнер

Мицкоски оствари средба со амбасадорот на Република Франција, Сирил Бомгартнер

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски заедно со потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски и секретарот за меѓународна соработка, Тимчо Муцунски остварија средба со амбасадорот на Република Франција во државава, Сирил Бомгартнер.

На средбата тие ги нагласија добрите билатерални односни помеѓу Република Македонија и Република Франција и заложбата истите понатаму да се надградуваат.

Мицкоски ги истакна неговите заложби за конкретни чекори насочени кон борба со предизвиците кои произлегуваат од КОВИД-19 и неговото разочарување што Владата не испорачува конкретни резултати во таа насока.

ВМРО-ДПМНЕ останува силно посветено кон реформски процеси насочени кон борба против корупцијата, реформа на правосудството и администрацијата како и квалитетни економски политики. Во таа насока поддршката од партнерска Франција е од големо значење за Република Македонија.

Локални избори 2021