среда, 25. ноември 2020. Вести денес: 37
home Вести

Мицкоски: Останувам во самоизолација, иако резултатот за Ковид-19 ми е негативен

Мицкоски: Останувам во самоизолација, иако резултатот за Ковид-19 ми е негативен

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски со телефонско вклучување во вестите на Сител телевизија, истакна дека останува во самоизолација иако тестот за Ковид 19 му е негативен.

-Направив тест, резултатите од тој тест се негативни, она што ми беше препорачано иако резултатите се негативни е да останам во самоизолација, вели Мицкоски.

Тој истакна дека месец дена е одвоен од семејството и дека нема никаков физички контакт со своето семејство.

Коронавирус