вторник, 19. јануари 2021. Вести денес: 48
home Вести

Мицкоски: Опозицијата поднесе 1.000 амандмани за мегаломанскиот и расипнички буџет, се беше одбиено, одбија бесплатни компјутери за децата кои немаат

Мицкоски: Опозицијата поднесе 1.000 амандмани за мегаломанскиот и расипнички буџет, се беше одбиено, одбија бесплатни компјутери за децата кои немаат

Вечерва на емисија на телевизија МРТ гостуваше претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски кој што говореше и за мегаломанскиот и расипнички буџет на власта. Мицкоски додаде дека на прес конференцијата на Заев тоа што беше кажано во делот од планот 20-21, ако се пролиста буџетот ќе се види дека неманишто, има нула.

– Вели во она што сум јас јак, еве ќе речеме најсилен, европски компетитивен, а тоа е енергетиката. Денеска слушаме фокус на енергетиката. Јас фокус на енергетиката слушам четири години од оваа влада. Вели ќе го изградиме Чебрен и Галиште. Денеска да почнете вие да го градите Чебрен и Галиште, денес, првите киловат часови е прашање, зборам за супер амбициозна и успешна политичка гарнитура, не за ваква килава каква што имаме ние денеска. Која што еден обичен пат не може да асфалтира, а не да изгребе асфалт. Не дај боже да направи некој друг проект. Јас зборувам за сериозен проект како Чебрен и Галиште. Денеска да ги фрлите првите лопати, прашање е дали во 2030-тата за една декада ќе ги имате првите киловат часови, појасни Мицкоски.

Мицкоски додаде ВМРО-ДПМНЕ и опозицијата се речиси 50-тина проценти во рамки на Парламентот. Опозицијата поднесе околу 1.000 амандмани за расипничкиот буџет на власта и за жал скоро се беше одбиено. Тоа е срамота.

– Ќе ми речеа еве тие усвоивме пет амандмани од тебе, на Зијадин пет, на Африм пет, на Апасиев пет. Еве усвоивме 20 амандмани. Кои што буквално немаше ништо да им чини. Зошто тоа тие не го прифатија, запраша Мицкоски.

Мицкоски посочи барем пет амандмани да прифатија. Толку опозицијата не знае да даде амандмани. Толку ли амандманите на опозицијата се спротивни од проектите на власта.

– Еве предложивме бесплатни компјутери за оние 10% дечиња кои што не можат да следат онлајн настава според тоа што го кажа премиерот. Еве тие 10% бесплатни компјутери за тие деца да дадат. Зошто тоа го одбија? Зошто еве тоа го одбија? Не мораше друго да прифатат барем тоа, рече Мицкоски.

Мицкоски кажа дека буџетот е расипнички и мегаломански, во тој буџет нема ништо за доброто на граѓаните. Во тој буџет нема доволно средства за образование, 20.000 деца не следат настава онлајн, треба на тие деца да им се помогне. Власта требаше да мисли на тие деца и на сите граѓани на Република Македонија.

Коронавирус