четврток, 13. август 2020. Вести денес: 157
home Вести

Мицкоски: Она што Заев го постигна е капитулација и понижување на македонскиот народ и земја

Мицкоски: Она што Заев го постигна е капитулација и понижување на македонскиот народ и земја

„Предуслов беше договор, но не ваков. Ова е капитулација и понижување на македонскиот народ и македонската нација“, нагласи претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски при своето гостување во емисијата „360 степени“ на Алсат ТВ.

Мицкоски додаде дека договор требало, но не ваков каков што потпиша Зоран Заев и го предаде македонскиот народ. ВМРО-ДПМНЕ не го спори фактот дека бил потребен договор, но не ваков за жал.

„Сега ние треба да признаеме, и вие, и сите, дека овој договор не гарантира еве како што гледаме отпочнување на преговори“, појасни Мицкоски.
Меѓу другото Мицкоски се осврна дека ВМРО-ДПМНЕ никогаш не се согласило со овој договор. Но за жал реалноста треба да се прифати. А, за оваа сурова реалност виновници се Зоран Заев и СДСМ. Договорот на Заев нема да го спречи македонскиот народ својата држава да си ја нарекува Република Македонија.

Коронавирус