сабота, 31. октомври 2020. Вести денес: 71
home Вести

Мицкоски: Одложувањето на датум за преговори значи катастрофа, Заев не само што ги распродава државните интереси, туку Македонија ја губи и европската иднина

Мицкоски: Одложувањето на датум за преговори значи катастрофа, Заев не само што ги распродава државните интереси, туку Македонија ја губи и европската иднина

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски истакна можниот датум за преговори за Македонија за влез во Европската Унија идната година, значи катастрофа.

-Зоран Заев во неколку наврати ни потврди дека се што ќе каже ќе излаже. Ова значи катастрофа за граѓаните на Република Македонија. Не само што ги распродаде државните и националните интереси, не само што го потпиша и се обиде да се ратификува ова капитулантско дело, сега гледаме дека бенефитот не е никаков. Цело време се обидуваше да ги манипулира чувствата на граѓаните и нивната свест. Ќе се обидат да создадат димна завес, невозможното да ви го прикажат за возможно, ќе се обидат да ни продаваат дека сега мед и млеко ќе почне да тече во државата, нагласи Мицкоски.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ посочи дека Владата и Заев немаат ниту план, ниту визија како понатаму.

-Ова сега што се случи е уште еден дебакл на нашата дипломатија и најмалку што треба да се случи во овој момент е министерот за надворешни работи да си поднесе неотповиклива оставка, вели Мицкоски.

Коронавирус