четврток, 22. октомври 2020. Вести денес: 0
home Вести

Мицкоски: Одиме на избори со услов заштита на здравјето на граѓаните и мисијата на ОБСЕ/ОДИХР, за да го поразиме вториот вирус Заев

Мицкоски: Одиме на избори со услов заштита на здравјето на граѓаните и мисијата на ОБСЕ/ОДИХР, за да го поразиме вториот вирус Заев

Нашата земја како и многупати досега во историјата се соочува со дилема пред раскрсница, но оваа е доста важна од повеќе аспекти. Сериозната здравствена криза на површина ги извади сите слабости на нашиот систем и секако даде одговор на прашањето зошто оваа власт на чело со оваа раководство на СДСМ треба да си оди побрзо. Тоа го говорат бројките, тоа го говори таа опасна неспособност на Владата и отсуството на конзистентна политика и мерки, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Во продолжение следува интегрален текст од неговата прес-конференција: 

Вирусот во комбинација со ова раководство на СДСМ ја фрли државата на колена, а сите оние неточни изјави дека ја победиле короната кога само вчера 8 нови семејства се завија во црно затоа што нивни блиски ги загубија животите, и имаме речиси 200 ново заразени само ја потврдува тезата дека Владата нема ниту план, ниту стратегија, а граѓаните се пропуштени самите на себе.

Сето ова не само што ја продлабочи економската криза туку и ги одложи закажаните избори за април. И тука сакам да сум совршено јасен, од почетокот кога стана збор за одложување на изборите главната моја грижа е заштитата на здравјето на граѓаните. Сигурно на Зоран Заев не му е грижа, но има нешто што се вика совест, а јас не сакам да бидам премиер кој ќе знае дека до таму дошол газејќи по жртви и луѓе кои ги загубиле животите поради прифаќање на неодговорни политики и игри на очајни политичари.

Но, притоа свесен сум дека на оваа крстосница Македонија има многу погрешни избори, и еден правилен излез. Можеме да чекаме со месеци, што на прва се чини разумен чекор, но вирусот и кризата поврзана со вирусот надополнета со неспособноста на ова раководство на СДСМ ќе го зема својот данок, а тоа ќе значи играње со судбините и на луѓето и коцкање со иднината на државата.

Короната ќе ја победиме заедно, но за да дојдеме до тоа мораме прво да ги победиме на избори. Да го победиме на избори оној вирус кој подеднакво разорно ја разградува државата наречено ова раководство на СДСМ. Но, притоа мора да се внимава на секој аспект како и времето кога тие ќе се одржат. Јас нема да лиферувам со бројки, ниту пак да споменувам датуми. Тоа не е сериозно, а за вака крупни прашања договор не може да има преку одговори и препукувања низ медиуми.

Се борам да создадам услови за што е можно побезбедно гласање и фер избори, додека на ова раководство на СДСМ не им е битно тоа, зашто сакаат уплашен народ од вирусот кој ги затекна и онаа очајна неспособност на владата да се справи кога цела Европа и цел Свет практично излегуваат од оваа пандемија и одбегнување поради оваа причина да излезе да ги казни. Се плашат да не им се случи народ.

Сигурно многумина од вас ќе се прашаат што значи ова одолговлекување на изборите, па натегање за датуми, игра на нерви, премостување и ситнење на недели. И ќе ја соопштам поентата, од нашата страна не е прашање на инаетење, туку единствено нешто за кое што се водевме овој период и ќе продолжиме да се водиме во иднина, а тоа е како да предложиме нов протокол за заштита на здравјето награѓаните.

Желбата на ова раководство на СДСМ соопштена преку Зоран Заев најпрво беше избори на 7-ми јуни, па потоа велеа 14-ти, па 21 јуни.  Сега гледаме дека 5ти јули е претпоследниот предлог а најновиот датум за избори кој тој го става на маса е 8ми јули, чинам вчера го соопшти.

Доколку прифатевме избори на било кој датум од претходно споменатите, еве на пример ако тоа беше 14-ти јуни како што Заев бараше, денес на овој ден требаше да има избори. Но, ќе потсетам дека ние вчера го имавме најцрниот ден на заразени и починати граѓани, дури 200 ново заразени и 8 починати од корона и оваа бројка доколку имаше претходно изборна кампања верувајте дека ќе беше неколку кратко поголема, а Македонија ќе имаше дополнителен хаос.

Според ова ќе имавме избори во вториот пик кога еве гледаме дека сме на врвот во светот според заразени по глава на жител. И затоа за мене е многу важно да се премости овој пик, да се создаде стабилизација на состојбата во некаква нормала а во меѓувреме да се прецизираат строги протоколи на гласање кои ќе го заштитат здравјето на граѓаните. И кога тоа ќе се обезбеди да се оди на гласање со целосно почитување на уставот и законите. Ова пред се значи прочистен избирачки список и присутна мисија на ОБСЕ и ОДИХР во државата.

За мене навистина е поразително што ова раководство на СДСМ  тргна на избори еднострано и со диктат, а се уште немаме ниту прочистен избирачки список, ниту пак  присутна мисија на          ОБСЕ и ОДИХР во Македонија. Колку за споредба дури и во најмалку демократските земји, дури и во една Белорусија пред да отпочне кампањата мисијата на ОБСЕ и ОДИХР се наоѓа во државата, а Заев сака на мала врата со свој диктат и уцена да протурка матни избори какви досега од осамостојувањето до денес не сме имале.

Ќе зборувам многу отворено и од срце во продолжение.

Ако кажеме уште сега не сакаме консезус за избори и креваме раце од процесите ќе продолжи кражбата на вашите пари, оние нечовечки рекети, неправдите, неправдите, ќе продолжи распродажбата на се што е македонско… Ние, точно е, ќе победиме подоцна на локалните избори кои се за една година од сега, но државата ќе биде во хаос, економски колапс, социјални немири и целосно загубен идентитет, дури можеби ќе ја немаме оваа држава на која што ние се сеќаваме. И тука се согласувам со Пендаровски дека освен економска и здравствена криза, на Македонија и претстои и безбедносна криза.

Наш план беше и е да го спречиме ова. Многумина ми велеа остави ги нека изгорат сами на избори, за една годинна ВМРО-ДПМНЕ ќе победи и ќе биде власт во државата. Но тоа е иста ситуација како што прави Заев сега, оставајќи луѓе да се разболуваат свесно само за да избоксува нормалност и некаква кава таква шанса да го намали поразот на тие избори.

Свесно ќе треба да оставам државата да тоне една година и народот да пати за да после една година победи ВМРО-ДПМНЕ. Прашањето е во каква држава ќе победи ВМРО-ДПМНЕ. Јас не можам тоа да го сторам. Не сум таков човек и не сум таков карактер.

Да точно е. Не сум таков политичар што може без грижа така брутално да си игра со судбините на луѓето. За мене секој живот вреди и јас сум борец и ВМРО-ДПМНЕ се луѓе борци и вие граѓаните на нашата Македонија сте луѓе кои што сакате да се борите. И заедно со вас ќе одлучам да се борам за вас и за државата.

Заедно со народот и илјадниците судбини кои во нас гледаат надеж. Мора да го запреме сега. Понатаму се плашам дека ќе биде предоцна. Око не им трепнува што рушиме рекорди по заболени луѓе кои што ги губат своите животи. Сакаат мала излезност мислат тука тоа е сламката за спас да избегаат од одговорност.

Зоран Заев  ги прифати сите услови кои што му ги предложив, а тоа е како да ги заштитиме загрозените групи да гласаат од дома. Гледам дека и сега тој си го кажува ова како некаков негов предлог, но нема да навлегувам во такво ниво на комуникација. Треба да знаат овие луѓе дека ќе гласате од дома на овие избори и така ќе ги заштитуваме најранливите категории.

Сите оние со хронични заболувања кои беа опфатени со мерките на претпазливост во периодот на вонредна состојба како и ризичните групи од над 65 години старост сите тие ќе гласаат од дома.

За останатите ќе има доволно ред и простор и време со минимум ризик да гласаат.

Тоа е голема предност и така СДСМ ја губи основната своја причина за брзи избори а тоа е стравот од голема излезност и голема казна на овој народ.

Ви кажувам директно без заобиколување и политиканство како што прават другите, на последната наша средба кај претседателот Пендаровски го гледав во очи и му зборував нема цена ниту еден човечки живот изгубен. Не постои цена да ги ризикуваме животите на нашите најмили, го гледав во очи и му зборував дека е потребно да ги заштитиме животите на нашите родители на нашите соседи, колеги, пријатели, роднини и другари. Единствено нешто за што размислуваше во тој момент беше како да се спаси од одговорност за сето она кое што го правеше овие три години.

Го гледав во очи и му зборував за совест, за честа, за честитоста на овој народ, да не го загрозуваме елементарното право на живот. Не ме послуша. Мојата порака е нема бегање за оваа раководство на СДСМ мора да има одговорност, а таа одговорност ќе дојде веднаш со завршувањето на овие избори.

Затоа имам порака и до претседателот Пендаровски.

Се обидуваше неколку наврати досега, помалку или повеќе неуспешно да одржи лидерски средби на кои што ќе договориме датум за одржување на предвремените парламентарни избори. Го разбирам, го разбирам дека е под притисок, дека секојдневно ѕвони телефонот од оние истите луѓе кои што денеска окото не им трепнува што сме лидери во регионот по бројот на заразени и починати луѓе, и му велат една реченица, ние те поддржавме да бидеш таму каде што си. Но, остави ги тие. Тие се губитници и одговорноста ќе дојде на крајот од овие избори. Одважи се, осмели се. Ти сакаш и претендираше да бидеш татко на сите граѓани, имаш време денеска до крајот на денот да ја продолжиш вонредната состојба. А зошто да ја продолжиш вонредната состојба? Затоа што ВМРО-ДПМНЕ има два услови и тоа се, најпрво да изработиме протоколи со кои што ќе го заштитиме здравјето на граѓаните. Знам дека и тебе ти е тоа приоритет. Од ова кратко време кое што имав можност да те запознаам господине Стево Пендаровски знам дека ти е и тебе тоа приоритет.

Да изработиме протоколи со кои што ќе го заштитиме здравјето на граѓаните и втората работа да имаме фер, демократски, инклузивни избори во оваа држава.

Што значи тоа? Тоа значи дека првиот ден кога набљудувачката мисија на ОБСЕ и ОДИХР ќе бидат во Македонија, веднаш по одржаната нивна прва прес конференција, следниот ден нека биде првиот ден од нашата кампања и од тој прв ден да го утврдиме датумот кога ќе бидат одржани овие избори.

Според сегашната ситуација, она кое што ние како ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за Обнова на Македонија го антиципира ме првата возможна дата е средината на месец јули.

И сосема на крај сакам да се обратам до граѓаните, сакам да се обратам до сите оние луѓе кои што си ја сакаат оваа држава и до сите оние политичари кои што живеат на грбот на граѓаните.

Сега се деновите и сега се моментите кога се одлучува иднината на нашата Македонија, онаква каква што ја паметиме. Не го заборавајте тоа. немојте никогаш да го заборавете дека сега се одлучува иднина на нашата Македонија она каква што ја паметиме и онаква каква што ја наследивме од нашите предци.

Следната порака е до ова раководство на СДСМ и Зоран Заев. Ќе ве победиме. Кога и да се случат тие избори ќе ве победиме. Одважете се уште од сега и престанете да го втурнувате народот во една ситуација во која што наместо да нудиме проекти ќе ги броиме бројот на новозаразените и луѓето кои што за жал ќе го загубат животот.

А јас ви ветувам  дека после дебаклот кој што ќе ви се случи, кога и да се случат тие избори ќе имате право на пресумпција на невиност, но од одговорноста нема бегање. Одговорност мора да има за сето ова што го направивте изминатите три години.

Затоа вразумете се и не го правите ова на народот. Немојте да правите притисоци, ниту во Државната изборна комисија, не правете притисоци ниту кај граѓаните.

Да обезбедиме соодветни протоколи, нека пристигне мисијата на ОБСЕ и ОДИХР и следниот ден да одиме на избори.  Според сегашните информации средината на јули е добра основа да излеземе, да ве поразиме, а потоа следи одговорност.

 

Најнови вести

Коронавирус