сабота, 10. јуни 2023. Вести денес: 8
home Вести

Мицкоски: Оди власта во Брисел наводно се бори за европски вредности, а дома остава закон за опојни дроги за да им врви бизнисот

Мицкоски: Оди власта во Брисел наводно се бори за европски вредности, а дома остава закон за опојни дроги за да им врви бизнисот

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во емисијата на „Стадион“ на Канал 77 рече дека оваа Влад предводена од СДСМ и Заев оди во Брисел да бара евроспки вредности, а овде остава предлог закон за опојни дроги и постави прашање што всушност има европско во тој закон.

-Освен бизнисот и јас ќе ви кажам извозот од фирмите блиски до кланот Заеви јас не гледам друго ништо европско во тој закон за да можме ние да му ставиме европско знамнце, потенцираше претседателот Мицкоски.

Тој во своето гостување истакна дека проблемот во производтсвото во фабриката на Заеви во Валандово не е проблем на граѓаните во Тулуз и укажа дека затоа постои медицина, за да дијагностицираат каква е болеста, што е болеста и доколку стручното лице констатира како треба да се третира, тоа да се третири.