вторник, 22. октомври 2019. Вести денес: 0
home Вести

Мицкоски: Одговорноста ќе дојде кога ќе има вистинска правда, мојата и нашата борба е за обнова на Македонија

Мицкоски: Одговорноста ќе дојде кога ќе има вистинска правда, мојата и нашата борба е за обнова на Македонија

Бев во посета на манастирот Света Богородица, Свети Николе. Народот е разочаран, потиштен, бара излез од бездната и неправдите донесени од власта. Велат селата и градовите се празнат само за луѓето од власта дојде живот, за другите е пекол. Станавме место каде криминалците се прават за успешни бизнисмени, а вистински успешните бизнисмени секој ден живеат во страв и само чекаат која цифра за некој нов рекет ќе ја испорача власта. Гледаме дека Рекет не застанува, има и Рекет 2 каде кастата на власт сакала да превзема фирми, уценува, немилосрдно пљачка. На тоа мора да му се стави крај и да се побара одговорност. А одговорноста ќе дојде кога ќе има вистинска правда. Мојата и нашата борба е за обнова на Македонија. Онаква каква ја сакаме и секогаш нашиот народ ја заслужувал. Горда и исправена, силна и напредна, напиша на својот Фејсбук профил Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.