петок, 27. ноември 2020. Вести денес: 0
home Вести

Мицкоски: Одбивањето на лидерска средба од Заев е незрело, треба да се договориме за најважните прашања

Мицкоски: Одбивањето на лидерска средба од Заев е незрело, треба да се договориме за најважните прашања

Позицијата на СДСМ е дека не прифаќаат лидерска средба, зошто се избегнува ќе видиме, времето ќе покаже, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на гостувањето на емисијата „Заспиј ако можеш“ на телевизија Алфа.

-Јас мислам дека ќе се промени таа позиција, јас еве апелирам да се промени. Ние како држава сме во една кризна ситуација и де факто и де јуре е сега ако не сакаат да прифатат зошто немаат капацитет да се справат тоа го кажа и Стево Пендаровски. Оттука разумно е да седнеме како политичари и да се договориме, а потоа да излеземе со заедничка одлука пред граѓаните, кажа лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски.

Тој посочи дека другите политички чинители ја прифатија иницијативата за лидерска средба.

-Треба да се договориме за најважните прашања. Многу е важно и треба да се излезе со став пред граѓаните со став, изјави Мицкоски.

Коронавирус