петок, 28. февруари 2020. Вести денес: 2
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Вести

Мицкоски: Од власта ветуваа живот, ама „Економист“ вели дека со Заев имаме хибриден режим

Мицкоски: Од власта ветуваа живот, ама „Економист“ вели дека со Заев имаме хибриден режим

Бев во Св. Николе. Од власта ветуваа живот, ама „Економист“ вели дека со Заев имаме хибриден режим, пишува во последната објава на Фејсбук претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

-Во 21 век, во Европа има хибриден режим, а ветуваа промени, и подобро. Тоа нивно владеење се претвори во еден хибриден режим во кој ја сврстуваат земјава. А, како поинаку би било со толку многу криминал и висока корупција, со амнестиран лидер на власта и измами на секој чекор, вели во својата објава Мицкоски.

Македонија може и мора повеќе и подобро. 12 април е шансата за обнова, шансата за промени, порачува претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.