понеделник, 20. септември 2021. Вести денес: 11
home Вести

Мицкоски: Од власта веќе никој не бара одговори, од нив бараме само одговорност!

Мицкоски: Од власта веќе никој не бара одговори, од нив бараме само одговорност!

„Од власта веќе никој не бара одговори, од нив бараме само одговорност. Мизерна неспособност“!

Ова денес на својот Фејсбук профил го напиша лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Утрово се огласија и од партијата. ВМРО-ДПМНЕ порачува дека катастрофалната реакција на власта во случајот со пожарот во Кочани ги загрози имотите и животите на граѓаните.

-Да биде срамот поголем додека граѓаните со голи раце ги бранеа своите домови од огнената стихија, претседателот Пендаровски им вети дека после еден ден ќе испрати хеликоптери да помогнат во гаснењето. Мизерија и тотална неспособност. Додека власта организира приватни забави на Мечкин Камен загрозени се животите и имотите на граѓаните, па и цели населени места, а елитата мува не ја лази. Цел ден од Кочани доаѓале апели и молби да им се помогне и да им се испрати хеликоптер за гаснење на пожар, но биле одбивани. Да бевме нормална држава и да имавме доблесни функционери, утрово ќе имаше дузина оставки на директори, министри и одговорни. Но за жал не сме. Оваа власт освен што покажа дека е потполно неспособна, покажа дека може да биде полоша од катастрофа за граѓаните. Најмалку две години не се сервисирани три авиони за гаснење пожар, затоа што тоа чинело 300-400 илјади евра. А колку чини штетата или не дај Боже изгубен живот? Колку чинат прославите и настаните? Само за кондоми и лубриканти во една година потрошија 2 до 3 пати повеќе средства. Само за нови службени возила потрошија десет пати повеќе пари. Ова што се случува ја покажува целата беда на власта на Заев, која украде 4 години од животот на граѓаните, која потроши рекордни 4 годишни буџети, а ништо не направи. Тоа мора да престане. Од Заев и СДСМ веќе никој не бара одговори, од Заев и од СДСМ се бара одговорност! Истакнуваат од опозициската партија.

Заев мора да замине за Македонија да оди напред. Концептот Македонија за сите луѓе ќе победи, додаваат од таму.

Коронавирус