среда, 4. август 2021. Вести денес: 67
home Вести

Мицкоски од Сушица: Земјоделците се чувствуваат измамено, нема ништо од ветувањата на оваа власт

Мицкоски од Сушица: Земјоделците се чувствуваат измамено, нема ништо од ветувањата на оваа власт

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска беше во посета на Сушица во Ново Село каде се сретна со жителите на ова населено место.

-Бев во Сушица, Ново Село. Се видовме со жителите кои збореа за нивната мака. Тука нема ништо од она што Заев така гордо го изјавува дека како земја сме блескале. Народот овде се бори со тешкото секојдневие. Овде блеска само сиромаштијата во која ја потона Македонија. Земјоделците се чувствуваат измамено, нема ништо од ветувањата на оваа власт. А ветуваа зголемена поддршка, пласман кој ќе е сигурен, зелена нафта, бенефициран стаж и што уште ли не. И за се излажаа. Затоа треба да се казнат а таа казна ќе се испорача на наредните избори кои не се само избор за претседател туку и избор од кој зависи во кој правец ќе се движи нашата земја. Македонија ќе победи, ќе победи правдата и вербата во принципи, стои во неговиот Фејсбук статус.

Коронавирус