четврток, 4. март 2021. Вести денес: 95
home Вести

Мицкоски од Словенија: Ни треба јасна визија да се справиме со економската криза, во Македонија имаме проблем со големата корупција и невладеењето на правото

Мицкоски од Словенија: Ни треба јасна визија да се справиме со економската криза, во Македонија имаме проблем со големата корупција и невладеењето на правото

Во рамките на посетата во Словенија, заедно со потпретседателот Александар Николоски, имавме состанок господинот Јанез Јанша, којшто е и премиер на Владата во Република Словенија, но истовремено и претседател на Словенечката Демократска Странка, најголемата партија и сестринска партија на ВМРО-ДПМНЕ во рамките на Европската Народна Партија, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Тој посочи дека разговаравле за актуелните случувања во Македонија со главен фокус на големата корупција и невладеењето на правото во Македонија.

-Зборувавме и за начин со кој што овде во Словенија се справуваат со најголемиот предизвик можеби на човештвото во овој момент, а тоа е КОВИД пандемијата, но и резултатите и би рекол нерезултатите коишто ги спроведува нашата влада во рамките на справувањето со пандемијата во Македонија. Зборувавме за рецесијата за тешката економска ситуација во Македонија. Морам да признаат дека и овде во Словенија се чувствуваат економските последици предизвикани од КОВИД пандемијата, но далеку не се такви какви што тие се девастирачки во нашата земја во Македонија, поради неспособноста и немањето јасна визија и креатива како се справиме со таа економска криза. Она коешто исто така го потенциравме со нашиот домаќин, премиерот Јанез Јанша е недвосмислената поддршка којашто Македонија ја добија од Словенија во рамките на евроинтегративниот процес, недвосмислената поддршка за ВМРО-ДПМНЕ и улогата која што како најголема политичка партија ја има ВМРО-ДПМНЕ во Македонија. Сосема на крај заклучивме дека во периодот кој следи уште повеќе ќе ги надополниме и интезивираме врските помеѓу двете сестрински партии ВМРО-ДПМНЕ и Словенечката Демократска Странка, истакна Мицкоски.

Коронавирус