вторник, 21. септември 2021. Вести денес: 164
home Вести

Мицкоски: Од сите нас зависи каков однос ќе имаме спрема грамадните дела на нашите предци и каква иднина ќе им оставиме на нашите деца

Мицкоски: Од сите нас зависи каков однос ќе имаме спрема грамадните дела на нашите предци и каква иднина ќе им оставиме на нашите деца

„Велам, за среќа, има македонска национална култура и историја, зашто тој факт го вооружува македонскиот народ со непобедливо оружје во неговата борба за човечки права и за слободен национален живот како рамноправен член во бројот на културните народи“, велеше Крсте Петков Мисирков чиј живот згасна на денешен ден во 1926та година. Оваа негова изјава е актуелна и денес, пишува лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на Фејсбук.

-Мисирков ни остави значајно оружје во културното опстојување на нашиот народ, земја и јазик. Од сите нас зависи каков однос ќе имаме спрема грамадните дела на нашите предци и каква иднина ќе им оставиме на нашите деца.

Коронавирус