понеделник, 25. јануари 2021. Вести денес: 0
home Вести

Мицкоски од Ресен: Заев не сакаше да слушне дека Македонците се борат за своите правдини

Мицкоски од Ресен: Заев не сакаше да слушне дека Македонците се борат за своите правдини

На Македонија и треба хероина, честит човек, човек со достоинство, човек кој ќе биде заштитник на уставот и законите и човек кој искрено го сака народот и државата. Тоа е Гордана Силјановска Давкова, порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски од вечерашната трибина во Ресен.

-И покрај сите притисоци, закани и уцени, бидејќи тие се кукавици кои знаат само да закануваат и уценуваат. Не знаат очи во очи да се погледнеме и со аргументи да разговараме. А кога во ретки случаи ќе се погледнеме, брутално, недостоинствено се понижуваат себеси, земјата и народот. Се гледавме со Заев на една ТВ дебата и му реков дека добива плата од овие граѓани, дајте им одговор на кој јазик луѓето во Северна Грција говорат, а е различен од грчкиот. Вели тоа е внатрешен проблем на Грција. Срам му е да каже дека станува збор за македонскиот јазик кој го зборат Македонците кои се веселат на македонски мелос и ора. Се срами. Затоа оваа генерација граѓани на Македонија има историска и неповторлива можност на 21-ви април, па 5-ти мај, а потоа на предвремените парламентарни избори, да му покаже на овој човек каде припаѓа, а тоа е на темната страна на историјата. Ајде заедно да ја испишеме новата историја, порача Мицкоски.

Тој порача дека заедно треба да ја вратиме правдата во Македонија.

-Доста е од неправда, доста е од понижување и омаловажување. Ајде да ја вратиме довербата заедно. Јас го одам овој пат, знам дека сите заедно со мене ќе го одите овој пат. Да тргнеме и да им ја кажеме нашата вистина, вистината за честита и искрена Македонија. Вистината за нашиот сон за Македонија. Не онаа вистина која што започна несреќно на една трибина во Куманово, од една млада дама. Декаденцијата продолжи со еден млад господин во телевизиска дебата, кога неговото височество деспотот Заев го поистовети со Тито. Вчера во Прилеп на отворена сцена видовме најголемо понижување и омаловажување во македонската политичка историја. Јавно на сцена една млада дама побара да ја посинат. Зарем така треба да работиме? НЕ! Одбивам да работам и ќе се спротивставам со сета своја сила и моќ. Ве замолувам и ве канам да ми се придружите во оваа битка, да го поразиме ова денешно секојдневие. Да ја поразиме оваа декадентна реалност која денеска ни се случува во Република Македонија. Само така можеме да се избориме за нашиот сон за Македонија. За онаа вистинската, честита и принципиелна Македонија, порача Мицкоски.

Тој зборуваше и за посетата на Ципрас, за што рече дека за прв пат во историјата се случиле две работи.

-Првата работа беше дека не беше построена македонската гарда. Јас служев во првата гардиска чета, во гардискиот баталјон. Сум пречекал многу светски државници и сум го испратил тогашниот претседател на неколку патувања и на неколку меѓународни посети. Никогаш, без исклучок, додека сум бил дел од тие гардиски баталјон, не дошол светски државник, а ние да не сме го пречекале. Така беше и после мојата генерација, така беше и пред мојата генерација. Но денеска бевме сведоци на ова понижување и омаловажување. Гардистите наши никаде ги немаше да го пречекаат новиот пријател на Зоран Заев. Но тука не сопира понижувањето и омаловажувањето. Пред Владата на Македонија не ја пуштија химната на Македонија. Знаете ли зошто не ја пуштија химната? Затоа што во химната се вели „Денес над Македонија се раѓа“. А тоа не сакаше да го слушне Заев. Не сакаше да слушне дека денес над Македонија се раѓа и дека вие Македонците се борите за вашите правдини, порача Мицкоски.

Коронавирус