понеделник, 30. март 2020. Вести денес: 62
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Вести

Мицкоски од Ресен: Тука најголеми проблеми се откупот на јаболката и иселувањето на младите, владата нема решенија

Мицкоски од Ресен: Тука најголеми проблеми се откупот на јаболката и иселувањето на младите, владата нема решенија

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за вестите на Алфа Телевизија изјави дека најголеми проблеми во Ресен се откупот на јаболка и иселувањето на младите, а владата иако претходно им даде големи очекувања, сега нема решенија за проблемите на ресенчани.

Во Ресен, она што го очекувавме тоа и го видовме. Најголем проблем претставува откупот и пласманот на јаболкото, бидејќи знаете во Ресен изминативе години тоа претставува голем и суштински проблем, се разбира доцнењето на субвенциите, ветените а неисполнети очекувања кои што ги даваше Зоран Заев најпрвин во предизборието 2016, а потоа откако ја формираа владата, како и доцнењето на исплатата на штетите од природните непогоди, истакна Мицкоски.

Тој потенцираше дека вториот најголем проблем кој ги тишти ресенчани е иселувањето на младите како и во цела Македонија, но и тешкиот живот и беспарицата, но и многу други специфични проблеми за кои што ВМРО-ДПМНЕ ќе се обиде да изнајде решенија и договори за да може секој еден граѓанин кој ја споделил својата мака да добие одговор но и решение доколку постои такво, а доколку не, да добие одговор зошто нема такво решение.

Доколку не можеме да понудиме решение ќе понудиме одговор зошто не можеме да понудиме решение. Сакам еднаш да понудиме поинаков пристап, а тоа е пристапот на честитост , чесност и отчетност, а не лаги кога се бара гласот пред избори, а потоа никаде да не нема, да седнеме во дебелите кожни фотелји и да ги газиме црвените персиски килими и да го заборавиме она што сме го ветиле. ВМРО-ДПМНЕ е народна партија и е меѓу граѓаните и со оваа наша турнеја низ Македонија тоа го кажуваме и докажуваме.