понеделник, 30. ноември 2020. Вести денес: 60
home Вести

Мицкоски од Радовиш: Ќе создадеме услови што повеќе млади луѓе да си ги задржиме во нашата земја

Мицкоски од Радовиш: Ќе создадеме  услови што повеќе млади луѓе да си ги задржиме во нашата земја

Ќе обезбедиме економски развој и создавање на услови што повеќе млади луѓе да си ги задржиме во нашата земја, во нашите градови. Програмата која ќе ја понудиме ќе содржи одговори за потребите и она што и треба на Македонија, порача денеска од Радовиш претседателот на ВМРО-ДПМНЕ кој што беше во посета на радовишката компанија Алфа Инжинеринг.

-Денес сум во Радовиш и бев во компанијата Алфа Инжињеринг, компанија која постои над 20 години и вработува 50 тина луѓе. Разговаравме за бизнис климата, за она што му е потребно на бизнисот, за проблемите со кој се соочуваат и за решенијата кој ќе бидат дел од нашата програма. Тие треба да обезбедат економски развој и создавање на услови што повеќе млади луѓе да си ги задржиме во нашата земја, во нашите градови. Со вакви параметри каде секоја недела Македонија е наславен рекордер по одлив на мозоци, по криминал и корупција, по загаден воздух, по ниски плати не правиме ништо. Затоа се потребни промени и обнова. Програмата која ќе ја понудиме ќе содржи одговори за потребите и она што и треба на Македонија. Со таа програма ќе се обврземе за промени, за резултати и за обнова, објави на Фејсбук Мицкоски.

Коронавирус