вторник, 17. септември 2019. Вести денес: 0
home Вести

Мицкоски од Радовиш: Да победиме за неа, за Македонија

Мицкоски од Радовиш: Да победиме за неа, за Македонија

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски својот говор на вечерашниот митинг во Радовиш го започна така што побара од присутните едноминутен молк за прерано згаснатиот живот на Билјана Беличанец. Тој рече дека Македонија изгуби прекрасна глумица и исклучителна личност, градоначалник и претседател на Градскиот Комитет на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ.

Во своето обраќање Мицскоски ги поздрави Радовиш и селата во општината нагласувајќи ја разликата помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ велејќи дека тие од ВМРО-ДПМНЕ легнуваат си се будат со мисла за Макеоднија секојдневно, додека пак СДСМ се сеќаваат на народот само од избори на избори, а потоа ги забораваат.

-Ние нудиме иднина на нашата татковина, достоинствена и честита република Македонија, а вие барате иднина за да се збогатите. Ние нудиме иднина со богата Република и богати граѓани, а вие нудите иднина откажувајќи се од минатото што како сидро ве влече наназад, а нас минатото обичаите и традициите ни се гордост, нашето минато е нашето едро кон иднината, рече Мицкоски.

Тој се осврна и на начинот на кој СДМС и нивниот кандидат Пендаровски се обраќаат кон граѓаните со изрази како „стоки“ и „сурати“, а додека пак ВМРО-ДПМЕ секога им е обраќа со браќа и сестри на граѓаните. Тој потенцираше и дека Стево Пендаровски ја украл претседателската кампања и не престанува да краде, скандалозно ставајќи го Блаже КОнески во еден од спотовите, човекот кој велеше дека името ни е светост ќе сакаат да ни го земат. Мицкоски рече дека токму тие кои го ставија Конески во спот, тие го сменија името без нималку срам.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски, рече дека веднаш после конгресот имал можност да разговара со многу сопартијци за тоа зошто баш Гордана да Претседател на Република Македонија.

-Затоа што е најинспиративниот професор на правниот факултет, затоа што не го штеди своето знаење да го пренесе на своите студенти, затоа што е заштитник на правото, затоа што е бескромпромисен заштитник на правдата. Затоа што секогаш кога Македонија била ставена во искушение и била исправена пред предизвик Гордана се исправала пред тој предизвик и во 2004 година и во 2018 година кога Македонија беше во тешка позиција.
Мицкоски потенцираше дека ВМРО-ДПМНЕ ја направи најголемата коалиција со народот и со сите етникуми кои живеат во Македонија, а токмју таа коалиција ќе направи СДСМ да ги изгуби претседателските избори затоа што токму Зоран Заев и СДСМ им ги нанесоа најголемите неправид на народот во Македонија овие две години.

-Заедно со народот ние ќе победиме, луѓето се храбри и мотивирани и сакаат да победат. Денеска се појави истражување, кај земјоделците победуваме, кај младите победуваме, кај бизнисмените со мал бизнис убедливо победуваме, кај луѓето со голем бизнис победуваме. Победуваме и кај проофесорите, кај пензионерите.

Тој им упати порака на вработените во државната и локалната администарција и им порача да не се плашат од кукавиците кои користат притисоци и закани.

-Ајде сите заедно на 21 април и на 5мај да им покажеме дека не им се плашиме на кукавиците, да победиме за неа, за Мекедонија! За сиот криминал, притисоци, закани и уцени непристојно однесување, СДСМ ќе одговараат пред законите јав ви го ветувам тоа. Пред зората е најтемно, доаѓа зората, се раѓа и носи слобода. Во Македонија изгрева победничката слобода, доаѓа правдата во Македонија, заврши Мицкоски.