вторник, 18. февруари 2020. Вести денес: 52
home Вести

Мицкоски од Прилеп: Се сретнав со вработените од „Еурокомпозит“, по три години лаги од Заев нема решение, ќе работиме да се помогне!

Мицкоски од Прилеп: Се сретнав со вработените од „Еурокомпозит“, по три години лаги од Заев нема решение, ќе работиме да се помогне!

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денес беше во посета на Прилеп.

-Пред една недела од прилика најавивме на прес-конференција дека ВМРО-ДПМНЕ започнува теренски активности во периодот кој што следува „Обновата пред вашиот дом“, но и претседателот на партијата заедно со граѓаните во определени центри. Разговараме со граѓаните во тие центри за реалниот живот, за она што се случува. Да видиме што можеме ние како политика која што ќе биде дел од нашата предизборна програма да промовираме, да понудиме. Да видиме што можеме дополнително да додадеме во рамките на нашата програма. И мислам дека заеднички тука учиме со граѓаните, со бизнис заедницата, со други целни групи, со земјоделците. Еве бевме денес во „Еурокомпозит“ заедно со вработените во „Еурокомпозит“ разговаравме за сите оние лаги и неисполнети ветувања од страна на Владата на СДСМ. Тука можеме да научиме и да извлечеме поука од сето тоа и во иднина сето тоа да не го повториме, истакна тој.

Мицкоски порача дека имаат знаење, план и визија.

-Знаеме како најголемиот дел од тие проблеми да ги решиме. Нема да ветуваме чуда, нема да ветуваме нешто што не сме во можност да го испорачаме. Ние не сме ниту СДСМ, ниту Зоран Заев. Ние сме луѓе кои што пред се сакаат честито да настапат пред граѓаните со кои што комуницираат. Имаме конзервативен пристап, односно пристап – вети она кое што, можеш да го испорачаш, а не ветувај популистички само да останеш на фотелјата, а потоа сето тоа да го заборавиш. Така што мислам дека ќе биде или да не бидам претенциозен сигурен сум дека ќе биде препознаена од граѓаните, и дека после 12-ти април ќе можеме сето тоа што сега го зборуваме и за кое се обврзуваме со договор пред граѓаните да го испорачаме, истакна Мицкоски.