вторник, 19. јануари 2021. Вести денес: 100
home Вести

Мицкоски од Прилеп: Наместо живот, дојде пекол за граѓаните во Република Македонија- разочараноста кај народот е очигледна

Мицкоски од Прилеп: Наместо живот, дојде пекол за граѓаните во Република Македонија- разочараноста кај народот е очигледна

Денеска заедно со Генералниот секретар, потпретседателот, членовите на ИК и локалното раководство на ОК на ВМРО-ДПМНЕ се наоѓаме во Прилеп, градот на хероите, каде што заедно со граѓаните дискутираме за актуелните политички теми и за актуелната економска ситуација во државата. Го поминавме пазарот, се поздравивме со голем број на граѓани, остваривме контакти, разговаравме за актуелностите. За жал секаде можам да констатирам еден заеднички заклучок од овие средби, а тоа е дека наместо живот дојде пекол за граѓаните во Република Македонија, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, при денешната посета на Прилеп.

-Од оние метафори и ветувања коишто се случуваа за време на предизборните кампањи и во локалните и во предвремените парламентарни избори за жал се случува едно големо нула, дури и уназадување на голем број процеси. Разочараноста кај граѓаните е очигледна, тоа е реалноста во Република Македонија, наспроти оние скапо платени кампањи пропаганди кои што деновиве ги гледаме на телевизиите и порталите во Република Македонија. За жал сочувствувам со сето она кое што го чувствуваат нашите граѓани бидејќи јас сум дел од нив и сите ние како ВМРО-ДПМНЕ, како народна партија сме дел од граѓаните и помеѓу граѓаните. Сочувствуваме со болката и разочараноста која што ја чувствуваат и во име на тоа ќе ја  изготвиме програмата која што ВМРО-ДПМНЕ ќе ја презентира пред македонската јавност, рече Мицкоски и додаде:

„Програма која што ќе даде голем број одговори на сите оние реални проблеми кои што ги чувствуваат граѓаните, да даде одговори како да се постигне поквалитетен живот, како да напредува македонската економија и да се обезбедат поголем број квалитетни работни места, силно платени места. Да се донесат поголем број странски инвестиции, истовремено да се обезбеди и позитивна клима за домашните инвеститори. Како да направиме повеќе реформи во образованието, да ги направиме социјалата и здравството конкурентни. Тоа се оние предизвици кои што за нас живот значат, кои се главен мотив затоа што се занимаваме со оваа професија, а тоа е политиката“.

Според лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, политиката и политичарите не треба да се професија.

-Во политиката треба да дојдат нови луѓе, коишто кога ќе дојдат, да си стојат на зборот и она што ќе го кажат ќе го исполнат. На политичарите кои што лажат, политичарите кои што не може да им се верува, многу скоро ќе станат минато на политичката сцена. Ја користам и оваа прилика овде во градот Прилеп да ја искоментирам изјавата на претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев кој се обиде на сопствен начин да употреби хумор за начинот на однесување на опозицијата. Не знам дали господинот премиер ја знае вистинската смисла на зборот адолесцентно, но доколку опозицијата не се чувствува комотно и не чувствува доверба од страна на Владата и дека Владата има капацитет да стори се и демократски избори, тогаш не знам како може да биде толку убеден дека она што опозицијата како политика го има и она што Владата го нуди како проблематика ќе гарантира еден ако им се случи успешен референдум, каде што граѓаните ќе треба да го дадат своето мислење за некое прашање кое се уште не е дефинирано.

Опозицијата, подаде тој, е принципиелна на она кое што веќе го има договорено.

-Ние како политичка партија водиме принципиелна, чесна и искрена политика. Таа се темели како што реков на принципи. Не смееме да го гледаме прашањето на ДИК како издвоено прашање, напротив прашањето на избор на ДИК мора да се гледа како целина со претходните закони кои што опозицијата заедно со Владата ги донесоа, а тоа се оние реформски закони кои што значеа позитивна препорака за отпочнување на преговори со Европската Унија. Во тој синџир кој што тогаш го договоривме беше носење на закон за финансирање на политичките партии, но исто така и формирање на техничка Влада 100 дена пред изборите, дури потоа доаѓа до комплетирање на ДИК. Така што нашата реакција на нивниот обид на хумористичен начин се прикаже однесувањето на опозицијата не би ја коментирал освен да кажам дека навистина сме разочарани од однесувањето на претседателот на Владата, господинот Зоран Заев, подвлече Мицкоски.

Најнови вести

Коронавирус