сабота, 15. август 2020. Вести денес: 62
home Вести

Мицкоски од Прилеп: Клучното прашање кое секој треба да си го постави на изборите е дали живее подобро

Мицкоски од Прилеп: Клучното прашање кое секој треба да си го постави на изборите е дали живее подобро

Денеска сме овде во Прилеп, разговараме со прилепчани поврзано со оваа тешка сурова реалност која што се случува изминатите три години, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Тоа можевме да го слушнеме и од нашите соговорници без разлика дали станува збор за граѓани кои што се вработени во администрацијата, луѓе кои што се занимаваат со некој вид на претприемништво, занаетчии, пензионери, млади, буквално секаде низ Прилеп состојбата е иста како што е впрочем низ цела Македонија, а тоа е лоша тешка, тешко се живее, младите не чувствуваат перспектива во Македонија и гледаат час поскоро да ја напуштат, повозрасните, поискусните се разочарани, исто така се обесхрабрени, понижени, омаловажени, практично една тешка слика.

Но, она кое што можеме да го слушнеме од нив е дека Коалицијата за обнова на Македонија добива акламативна поддршка, добива огромна поддршка од прилепчани, и јас чувствувам дека за нешто помалку од 10 дена од денеска овде во Прилеп, Коалицијата за Обнова на Македонија ќе постигне историски резултат, можеби најголема победа од независна Македонија. Клучното прашање кое што го поставуваме до прилепчани е дали живеат подобро, без исклучок, 100 проценти од одговорите кои што ги добивме се дека не само што не живеат подобро, туку живеат многу полошо и од порано.

Така што сето она 12 дена кампања го слушнавме низ Македонија се повторува и овде во Прилеп и тоа е доказ дека нема исклучоци, дека буквално оваа тригодишна пандемија од ова раководство на СДСМ и Зоран Заев буквално ја зафатило цела Македонија.

Така што еве јас тука би завршил со впечатокот, денеска продолжуваме во Кривогаштани, Крушево, повторно вечерва се враќаме тука пред прилепчани имаме мал собир со граѓани, се надевам дека и таму ќе слушните дел од пораките кои што практично ги опфаќа нашата читанка Проект обнова.

Коронавирус