среда, 21. октомври 2020. Вести денес: 0
home Вести

Мицкоски од Охрид: Одиме на двојна победа, Митре за градоначалник, Гордана за претседател на Македонија

Мицкоски од Охрид: Одиме на двојна победа, Митре за градоначалник, Гордана за претседател на Македонија

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски оствари средба со граѓаните на населбата Видовишта во Охрид.

На средбата тој истакна дека се наоѓа во победнички Охрид, а кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник Митре Милошевски ќе биде идниот градски татко, бидејќи тој е изборот на граѓаните.

Во него вели тој граѓаните препознаа честит човек, домаќин, работлив, срдечен и питом, вистински избор каков му треба на Охрид.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ потенцираше дека  граѓаните го прочитаа и кандидатот на власта кој е симбол за не работата, неспособноста и корупцијата на власта која во моментов управува со Охрид.

Токму поради ова Мицкоски посочи дека во Охрид ВМРО-ДПМНЕ ќе забележи двојна победа, Митре за градоначалник и Гордана за претседател на Република Македонија

-На народот му е преку глава од многуте лаги, невистини, предавства, криминали на власта. Изборот е едноставен, или се согласувате со власта и со тоа како живеете, или сакате промени кои ќе донесат правда над неправдите, развој наспроти назадувањето, вели тој.

Во недела охриѓани ќе изберат да живеат во убав Охрид и ќе донесат правда во Македонија, ќе се одзваат на повикот на татковината, заврши Мицкоски.

Мицкоски по посетата на Охрид објави и свој пост на Фејсбук.

-Бев во победнички Охрид. Се сретнав со жителите на Видовишта. Знам дека Митре ќе биде идниот градоначалник, затоа што тој е изборот на граѓаните на Охрид. Честит човек, домаќин, работлив, срдечен и питом. Вистински избор каков му треба на Охрид, наспроти неработата, неспособноста и корупцијата на власта која управува со Охрид. Овде одиме на двојна победа, Митре за градоначалник и Гордана за претседателка на Македонија. Затоа што на народот му е преку глава од многуте лаги, невистини, предавства, криминали на власта. Изборот е едноставен, или се согласувате со власта и со тоа како живеете, или сакате промени кои ќе донесат правда над неправдите, развој наспроти назадувањето. Да одбереме убав Охрид и правда за Македонија. Татковината повикува, стои во неговиот пост на Фејсбук.

Коронавирус