петок, 14. август 2020. Вести денес: 153
home Вести

Мицкоски од Македонски Брод: За секој оној што ќе вработи млад човек до 29 години – нула данок

Мицкоски од Македонски Брод: За секој оној што ќе вработи млад човек до 29 години – нула данок

Вечерва претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски од Македонски Брод во рамките на кампањата “За обнова на Македонија”, најпрво им се заблагодари на ветераните, оние кои во доцните 80-сетти и раните 90-сетти редеа тула по тула како што рече тој, и ја создадоа постепено организацијата овдека во Брод.

-Им се заблагодарувам на основачите и ветераните на ВМРО-ДПМНЕ овде во Македонски Брод. Овие денови моите говори ги започнувам со многу емоции, бидејќи се ближи денот кога практично треба оваа неуспешна влада да предводено од ова раководство на СДСМ и Зоран Заев да замине. По толку месеци работа сега ги трчаме последните финални 100-тина метри. Тоа започна на Конгресот во Валандово, а трае еве до ден денешен. Нашиот мотив е да го смениме ова мочуриште. Но, имаше и критика. Дека треба сме поодлучни, поцврсти, појаки, сега треба да нападнете, зошто тактизирате. Но, доколку противникот ја дознаеше нашата тактика тогаш немаше да биде така едноставно. Ние молчевме, ги слушавме критиките и си работевме. Ние ја добивме првата битка, а таа е датумот за предвремени парламентарни избори. Битката која на 15-ти јули ќе заврши со голема победа на Коалицијата за обнова на Македонија, порача од говорницата претседателот Мицкоски.

-Потоа заедно со вас ќе си ја обновиме државата онака како сме сонувале да биде. Онаква за каква нашите предци се бореле и за онаква каква што сакаме да им ја оставиме на нашите потомци. Затоа кога е најтешко, човек треба да е најсилен. Патот ќе биде полн со предизвици, мака, многу енергија, пот и залагање но, ние ВМРО-ДПМНЕ сме мотивирани. Ние сме победничката коалиција за обнова на Македонија. Затоа на 15-ти јули најпрвин да се заштитиме и да ги почитуваме препораките, а потоа од 7 часот да излеземе и да го заокружиме редниот број 14 – кој е победнички број, порача Мицкоски.

Тој им сугерираше на жителите на Македонски Брод да не прифаќаат и да не им веруваат на подароците од власта што ќе ја добиваат пред изборите со лага дека се работи за помош.

-Но, сепак земете си ги подароците бидејќи тие подароци се купени со ваши пари. Тоа е арачот на народот. А потоа завртете им го грбот и покажете им го тилот и пратете ги на темната страна на политичката историја на нашата преубава Македонија. Тие не заслужуваат ништо повеќе од тоа, завртете им го грбот. И гласно зборувајте на 15-ти јули позади гласачкиот параван. Доста беше типична, три години молчиме. Дојде денот кога сите ние треба да се обединиме и да ги дигнеме главите гордо високо. Радувајте се затоа што набргу ќе дојде обновата. Нема веќе калкулирање. Нема бегање. Имаме читанка – како што ја нарековме програмата за обнова, од 360 страници како да ги зголемиме платите од минимум 25 проценти просечните плати во рок од еден мандат, да ги зголемиме пензиите минимум 20 проценти, и ќе го вратиме стариот закон за нивелирање на пензиите. Минимум 4 милијарди инвестиции домашни и странски. За секој оној што ќе вработи млад човек до 29 години – нула данок. Ќе реновираме болници, докторите да си ги вратиме дома. Да не бидеме извозници на здравствени работници. И 640 милиони евра субвенции за земјоделците и гарантиран откуп. И многу други работи ќе најдете во оваа читанка. Затоа масовно излезете и поддржете ја програмата за обнова на Македонија, порача на крајот Мицкоски.

 

Коронавирус