понеделник, 6. јули 2020. Вести денес: 210
МЕГА БОМБА

Нова аудио бомба: Се гледам со Вице, дадоа зелено светло да му се зaпaли колата, Трајче Заев даде црвен картон да не работи ништо

home Вести

Мицкоски од Куманово: По 15-ти јули започнуваме со една нова политика во која што ќе нема повластена политичка каста

Мицкоски од Куманово: По 15-ти јули започнуваме со една нова политика во која што ќе нема повластена политичка каста

Вечерва претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски заедно со носителот на изборна единица 2, Владо Мисајловски ја посетија Општина Куманово. Од Куманово Мицкоски порача дека по победата на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За обнова на Македонија“ започнува ера на политичари кои нема да седат во канцеларии, туку ќе се меѓу народот. Меѓу народот и ќе ги слушаат проблемите на граѓаните и ќе ги спроведуваат решенијата низ проекти.

-Сигурно нашите предци кои што животот го дадоа за нашата држава немаше ова политичко мочуриште и оваа сурова реалност да ги прифатат. Затоа за помалку од две недели од денеска сите ние ќе бидеме исправени пред една историска раскрсница како и на кој начин ќе ја гледаме нашата Македонија во иднина. Каков беше сонот кој што го сонувавме да го досонуваме. Јас сум убеден дека ние сите што сме овде, но и тие што денеска не се со нас, но и оние кои што не следат од балконите ќе го изберат нашиот сон. Сонот за праведна наша татковина Македонија, истакна Мицкоски.

Мицкоски ги повика граѓаните на Куманово на 15-ти јули да излезат масовно и да го заокружат бројот 14. Тоа бројот кој што овојпат ќе биде број на победничката Коалиција предводена од ВМРО-ДПМНЕ, „За обнова на Македонија“.

-Ќе се борам за она кое што верувам, никогаш да не престанам да се борам во она кое што верувам, а верувам јас заедно со вас, верувам за идејата за нашата Македонија. Онаа богатата, Македонија која што ќе биде со исправена кичма, а не со свиткана кичма. Македонија со среќни граѓани. Македонија чии што деца ќе се вратат дома и ќе ги наполнат домовите на родителите, кои што со тага во лицето ги испраќаа од своите родни домови и огништа, кои што се среќни кога една неделно ќе им се јават или еднашка во две години ќе се вратат и ќе поминат некоја недела со нив. Вреди да се бориш за една таква различна Македонија, Македонија полна со вредности, нагласи Мицкоски.

Мицкоски порача дека вреди да се бори за една таква Македонија кога граѓаните ќе се среќни и полни со оптимизам.

-Оние од власта кога ќе дојдат овде, и ќе ве убедуваат, ќе ве гледаат во очи и ќе ви велат дека можат. Јас би рекол дека можеа, но тоа е минато и завршено време. Да и тоа време завршува на 15-ти јули, рече Мицкоски.

Мицкоски потсети дека власта многу ветуваше но за жал ништо не исполни. Од власта само граѓаните добиваа празни лаги. Власта во Македонија донесе криминал, корупција, сиромаштија и рекет.

-По 15-ти јули, ќе ги засукаме ракавите и да работиме дополнително за да си ја обновиме од пепелот во кој што овие политички измамници ќе ни ја остават, појасни Мицкоски.

Мицкоски посочи дека единствениот приоритет на оваа власт беа криминалните тендери и богатење на грбот на граѓаните. Од правда што ја ветуваа граѓаните единствено добија „трас – трас“ судство и обвинителство.

-Доаѓа обновата, победува обновата на 15-ти јули. Поведува овој тим. Најдоброто допрва следува. Започнуваме со една нова политика, нова ера во која што ќе нема повластена политичка каста. Во која што избраниците народот, оние кои што на 16-ти јули ќе ја добијат нашата прва лекција од читанката „Проект – Обнова“, е дека нема привилегирани политичари, сите заедно овде со народот на овие клупи ќе слушаме што мисли народот. А, тоа што ќе го слушаме тоа и ќе го спроведеме со проекти. Нема веќе политичари во канцеларии затворени со „silent“ телефони и луѓе кои што нема да одговараат, вети Мицкоски пред граѓаните во Куманово.

За крај Мицкоски од Куманово порача дека политичар кој избрал да биде дел од Коалицијата „За обнова на Македонија“ избрал да се жртвува за доброто на граѓаните, за доброто на Република Македонија.

Парламентарни избори 2020