понеделник, 10. август 2020. Вести денес: 85
home Вести

Мицкоски од Кратово: Огромна победа е во најава! Луѓето се обединети околу обновата и ќе гласаат за правда во Македонија

Мицкоски од Кратово: Огромна победа е во најава! Луѓето се обединети околу обновата и ќе гласаат за правда во Македонија

Вечерва од Кратово претседателот на најголемата опозициона политичка партија  ВМРО-ДПМНЕ , Христијан Мицкоски повика на сплотување и одлучност, затоа што сега е време кога ние сите ќе се најдеме на една раскрсница и ќе треба да се одлучиме помеѓу два сосема различни политички проекти, концепти. Едниот е што го нудат истрошени, безидејни политичари од времето на транзицијата, а другиот е понудата на луѓето кои имаат решение и знаат како да се справат со сите предизвици, се до крајната цел. А крајната цел е Македонија онаква каква што ја знаеме, нашата Македонија.

-Одлуката овој пат е помеѓу сосема две спротивставени политички понуди. Срам или чест. Подвитка кичма или исправена кичма. На една страна гледаме криминал и корупција, а на другата страна ред и поредок, чест и честитост. На едната страна гледаме луѓе кои ја подвиткаа кичмата за грст жолтици, а на другата страна гледаме силно исправени луѓе кои што си ја љубат својата татковина Македонија, порача Мицкоски.

Секогаш матрицата на СДСМ се состоела од четири чекори, рече Мицкоски. Првиот им е со раката на срце ќе дојдат тука во Кратово и ќе ви зборат за жицата за времето и притоа ќе ви кажат и некоја лага, рече Мицкоски, се со цел да ја добијат вашата поддршката. А откако ќе ја формираат владата тогаш доаѓа вториот чекор каде што имаме национален срам и предавство.

-Па третиот чекор пљачка, криминал и корупција, и последниот чекор е кога го заробуваат  судството и обвинителството и да ги амнестираат своите криминали. Ќе споменам само како го продадоа нашето знаме ветувајќи му на народот европска иднина. Па да не зборам за транзицијата, во која илјадници луѓе останаа на улица. Па пљачката на народот преку онаа штедилница ТАТ. Понатаму, територијалната распределба кога се случи парчењето на Македонија. Па го испопљачкаа народот преку онаа случка со тенковските делови. Но, оваа генерација на СДСМ е надградена. Усовршена по криминал. Целиот криминал и корупција се заврши со една чанта Луј Витон во обвинитеството кое повеќе не постои.

-Тие целата правда ја спакуваа во една чанта Луј Витон. А од пред некој ден имаме информација дека СДСМ и БЕСА во два чекора сакаат да ја распарчат Македонија. Прво е федерализација, а потоа следи уништување. И ова не е само во главата на ВМРО-вците. И тогаш предупредувавме за договорите и тогаш велеа дека тоа е само во нашите глави, но целата македонска јавност виде како тие ги спроведоа сите три договори, рече Мицкоски.

Мицкоски на крајот ги повика кратовчани да излезат масовно и да гласаат за бројот 14, за нашиот сон како што рече тој, за Македонија што ја сонуваме, а не за оваа денешнава понижена, омаловажена, искрадена, заврши Мицкоски.

Коронавирус