сабота, 26. септември 2020. Вести денес: 0
home Вести

Мицкоски: Oд кога нивниот градоначалник во Куманово молеше за карантин, ни него не го послушаа од владата, таму сега има хаварија со пандемијата

Мицкоски: Oд кога нивниот градоначалник во Куманово молеше за карантин, ни него не го послушаа од владата, таму сега има хаварија со пандемијата

Суштината е како најбезолно да ја поминеме оваа работа со корона вирусот. Бројот на инфицирани од корона вирусот е се поголем. Денес имаме алармантен податок 11 медицински лица се заразени. Ако се почитуваат протоколите и ако има доволно заштитна опрема, тогаш зошто толку многу медицински заболени и тоа само во Куманово, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на гостувањето на емисијата Само интервју на телевизија Канал 5.

Тој како случај за лошо справување го спомена случајот со Куманово каде со голема брзина расте бројот на заразени.

-Од кога апелираше градоначалникот на Куманово дека треба мерки, дека треба карантин. Па тоа не се случи. Тоа е нивни човек е и не го слушаат. Еве сега денеска излезе владата конечно и кажа дополнителни мерки, рече Мицкоски.

Тој наопемна дека веднаш по ширењето на вирусот на самиот почеток ВМРО-ДПМНЕ предложи карантин и посебни мерки за Куманово.

Коронавирус