сабота, 28. ноември 2020. Вести денес: 94
home Вести

Мицкоски од Илинден: Тоа што го прават СДСМ и Заев нема да ја однесе Македонија во Европа

Мицкоски од Илинден: Тоа што го прават СДСМ и Заев нема да ја однесе Македонија во Европа

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска оствари средба со граѓаните во општина Илинден.

-Истиот тој Зоран Заев еднаш аболиран од Бранко Црвенковски, еднаш од Катица Јанева денеска зборува за аболиција. Замислете човекот кој што е основоположник на аболицијата во Македонија, па има образ, наместо да излезе да се извини и побара прошка од граѓаните тој повторно го гледам на плоштадите ме напаѓа мене. Пола говор му е против мене и против политиките на ВМРО-ДПМНЕ, истакна претседателот Мицкоски од Илинден.

Тој порача дека тоа што го прави СДСМ и Заев нема да ја однесе Македонија во Европа, затоа што во Европа треба да одат луѓе кои се честити политичари, луѓе коишто заедно со честитиот народ, вреден народ одат кон Европа, a не луѓе кои со криминал го стекнале своето богатство и продолжуваат со несмалено темпо да прават криминал.

Коронавирус