среда, 19. септември 2018. Вести денес: 0
home Вести

Мицкоски од Гостивар: Народот е свесен дека економското цунами и националната катастрофа има име и презиме, тоа се вика Зоран Заев

Мицкоски од Гостивар: Народот е свесен дека економското цунами и националната катастрофа има име и презиме, тоа се вика Зоран Заев

Штотуку бев во Гостивар, имав средба со стотина поддржувачи во фантастична атмосфера и голема енергија. Енергија која ги предвестува промените во Република Македонија, енергија која е плод на неизмерна љубов кон нашата земја, но и загриженост и револт од се она што и се случува на нашата Македонија, напиша претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на својот Фејсбук профил.

-Премиерот кој се фалеше дека ќе делел лекции за економија земјава ја води кон економска пропаст, неговата лекција се неуспеси во секое поле, капитални инвестиции за првите 4 месеци кои се дваипол пати помали од тие во минатиот период лани, буџет кој се полни поради арачот за зголемена акциза за нафта, која ја наметна владата, а е платена со парите на граѓаните и данокот на добивка од странските инвестиции кои ги донесе минатата влада, недостижни 500 евра плата кои и самите се свесни дека нема да ги исполнат и тоа си го признаваат со нивната фискална стратегија, пишува Мицкоски и додава:

„Народот е свесен дека економското цунами и националната катастрофа во оваа држава има име и презиме, тоа се вика Зоран Заев. И мора да се застане на патот на ова уништување. Силата е во народот, во гордиот и достоинствен народ кој има право на глас, и чија кичма не се подвиткува како на оние кој ја водат власта. Затоа сложно, заеднички и масовно потребно е народот да излезе и да го означи почетокот на крајот на оваа неспособна власт. 2 јуни ќе биде одговорот на народот, и пораката која треба да ја добие власта, дека никој нема право да си поигрува со судбината на оваа земја и иднината на нашите граѓаните“.