понеделник, 30. ноември 2020. Вести денес: 121
Во живо

Протест во Свети Николе- „Оставка на Заев, слобода на народот“

home Вести

Мицкоски од Глуво: Додека владата е посветена на рекет, луѓето овде едвај врзуваат крај со крај

Мицкоски од Глуво: Додека владата е посветена на рекет, луѓето овде едвај врзуваат крај со крај

Бев во селото Глуво каде се чествува празникот Св. Атанасиј. Преубава традиција која жителите ја чуваат и практикуваат со децении. Но, она што ги тишти е тешкиот живот, болното секојдневие, сиромаштијата, напиша лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на Фејсбук.

-На жителите на Глуво, на општината Чучер Сандево и треба развој, нови работни места, економска сила и обнова. Додека владата е посветена на рекет, луѓето овде едвај врзуваат крај со крај. Индустриското производство паѓа за речиси 6 проценти, државата оди во амбис. Тоа мора да престане, тоа мора да се смени, 12 април е датумот после кој ќе се сменат работите. Обновата доаѓа, додава Мицкоски.

Коронавирус