понеделник, 23. ноември 2020. Вести денес: 134
home Вести

Мицкоски од Гевгелија: За еден месец рангирањата покажуваат хибриден режим, најкорумпиран систем и одлив на мозоци

Мицкоски од Гевгелија: За еден месец рангирањата покажуваат хибриден режим, најкорумпиран систем и одлив на мозоци

Во рамки на акцијата „Обновата пред вашиот дом“ претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска беше во посета на Гевгелија каде што оствари средби со со бизнис заедницата, со граѓаните како и со други целни групи.

-Како продолжение на акцијата Обновата пред вашиот дом и Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ во вашиот град, денеска сме овде во Гевгелија. Вчера бевме во Радовиш, минатата недела бевме во Прилеп, продолжуваме и во останатите градови од Македонија. Разговараме со бизнис заедницата, разговараме со други целни групи, разговараме со граѓаните околу реалната состојба во државата, изјави за медиумите лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

-Она што можам ние како ВМРО-ДПМНЕ да го вклучиме во нашата предизборна програма, но и онака кое што цениме дека практично ќе дојде како корисен совет и корисна навигација од страна на сите овие целни групи, вклучително приоритет даваме на стопанството бидејќи без здрава економија, без здрав реален сектор државата не може да напредува, истакна Мицкоски.

Мицкоски во Гевгелија посети неколку гевгелиски компании, од каде што и порача дека програмата на ВМРО-ДПМНЕ и мерките во програмата ќе бидат направени во консултација со оние за кои се наменети.

Денеска сме овде во Гевгелија, посетивме два такви стопански производни капацитети, разговаравме со сопствениците и мислам дека корисни заклучоци произлегоа од тие состаноци. Дел од тие препораки се веќе предвидени во рамките на програмата „Обнова на Македонија“, но дел ќе бидат и предвидени. Но, она што останува навистина траорно и она што станува тешко се сите оние порази кои што практично изминатиот месец веднаш после отпочнувањето на новата 2020 изборна година ги доживува нашата земја, а тоа се сите оние порази на ранг листи на реномирани светски институции како што е ова веќе последното дека Македонија е меѓу првите во Европа по одлив на мозоци. Потоа претходно имавме исто тава една статистика објавена од страна на реномираниот економист дека практично Македонија е меѓу водечките земји во Европа по невработеност кај младите, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

-Потоа тука дојде онаа листа која што ја објави Транспарентност Интернационал каде што Македонија е меѓу најкорумпираните држави во Светот на 106 место, практично пад од цели 12 места, падот на индустриското производство, падот на бројот на вработени во рамките на индустријата, сето она што беше наречено хибриден режим од истиот оној „Економист“, сите оние скандали, корупција во здравството во сите сфери практично не треба да ги обесхрабруваат граѓаните, но сепак треба да останат запаметени дека причинител на сите овие неправди е Зоран Заев и СДСМ, додаде Мицкоски.

ВМРО-ДПМНЕ затоа е заедно со граѓаните, затоа Обновата е пред вашиот дом, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ од вашиот град е заедно со граѓаните, со бизнис заедницата и останатите целни групи, за да можеме сето она кое што го планираме да го добиеме како потврда од страна на нашите соговорници. Но и она кое што не е дел а би требало да биде вклучено во нашата изборна програма да го вклучиме соодветно на нашата предизборна стратегија, потенцираше лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски при денешната посета на Гевгелија.

Коронавирус