вторник, 11. август 2020. Вести денес: 49
home Вести

Мицкоски од Гевгелија: Повеќе од три години ништо не е направено, СДСМ даде лажни ветувања во 2016 година, затоа тие ќе бидат поразени на 15 јули

Мицкоски од Гевгелија: Повеќе од три години ништо не е направено, СДСМ даде лажни ветувања во 2016 година, затоа тие ќе бидат поразени на 15 јули

Денеска сме овде во Гевгелија. Денеска е ден каде што ќе ги посетиме не само Гевгелија, туку и Дојран, Богданци, Валандово. Ќе разговараме со граѓаните во овие градови, ќе разговараме и со стопанствениците, со луѓето кои што го живеат ова секојдневие во Македонија.

-Сакаме практично да ја презентираме нашата програма, сите оние проекти кои се наменети за овој крај, но и наменети генерално за целата држава во следниот 4 годишен мандат на владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Цениме дека ништо не е направено за овој крај изминативе повеќе од 3 години, цениме дека овој крај е исто така жртва на погрешните политики на  ова раководство на СДСМ предводено до Зоран Заев. Од ветувањата кои што беа давани во минатото апсолутно ништо не се испорача. Тука пред се мислам на ветувањата дадени за време на предвремените парламентарни избори во 2016 година, а потоа и на локалните во 2017 година. Овој народ заслужува повеќе и ние цениме дека дојде времето кога овие политички измамници ќе бидат поразени со една голема и убедлива победа на коалицијата која што ја предводи ВМРО-ДПМНЕ, рече Мицкоски.

Коронавирус