петок, 22. октомври 2021. Вести денес: 30
home Вести

Мицкоски: Од државатa направија циркус, Заев доста е!

Мицкоски: Од државатa направија циркус, Заев доста е!

Ова е веќе циркус, направија циркус од државата. Заев доста е, доста е со навреда на интелигенцијата на народот, истакна од вечерашната вонредна прес-конференција лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

-Денеска стана совршено јасно за секој граѓанин во Македонија дека имаа договор. Прво се договорија да избега, па се договорија да се врати. Со посебен третман со насмевка, со шамар за полицијата, судот, обвинителството. Со шамар за власта, вечерва недостасуваше уште да му се извинат, бидејќи тој им се извини на ним. Тоа е најдобра потврда дека постои криминална коалиција Зоран, Вице и Сашо, ама домашниот есап на пазар не излегува. Само жестока јавна реакција спречи целосно фијаско и бегство. Тешка хаварија за десетици часови го упропастија системот и по којзнае кој пат поплука по правдата, рече Мицкоски.

Локални избори 2021