сабота, 24. октомври 2020. Вести денес: 64
home Вести

Мицкоски од Дојран: Со СДСМ во Македонија единствено срамот, понижувањето и предавствата ќе царуваат

Мицкоски од Дојран: Со СДСМ во Македонија единствено срамот, понижувањето и предавствата ќе царуваат

Денес општина Дојран ја посетија претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и носител на изборна единица 4, Александар Николоски. При самата посета Мицкоски порача на граѓаните дека со обновата доаѓаат проекти кои ќе го сменат животот на граѓаните, ќе го подобрат

„Ова не се обични избори, тие се различни по неколку основи и различни се по тоа што се случуваат можеби во услови кога владее оваа пандемија предизвикана од Ковид-19 вирусот и самото тоа ги прави поразлични од сите избори во минатото“, појасни Мицкоски.

Мицкоски истакна дека реалноста во која што сега живеат граѓаните е тешка, мачна, а ова политичко мочуриште изобилува со многу неправда и понижување. Затоа овие избори не се обични, во овие избори граѓаните избираат во каква Македонија сакаат да живеат.

„Ова е тој момент, ова е таа раскрсница во која што ние треба да го избереме вистинскиот пат. Дали ќе зборуваме за политичари кои што се присутни на политичката сцена уште во времето на транзицијата, истрошени, потрошени кои што буквално немаат што да понудат. Или политичари кои имаат визија, стратегија, план како да се справат со предизвиците кои што ни се испречени на патот. Дали ќе зборуваме за држава во која што срамот, понижувањето и предавствата ќе царуваат, или држава каде што гордоста, чесноста и честитоста ќе бидат основна вредност. Држава во која што ќе гледаме луѓе кои што партнери и коалиција со криминалците и корупцијата, или држава каде што ќе имаме бескомпромисна борба против криминалот и корупцијата. Држава каде што неправдата и свитканата кичма ќе бидат наше секојдневие или држава во која што правдината и исправената глава ќе бидат наша реалност“, нагласи Мицкоски.

Мицкоски рече дека е убеден уште од првиот собир дека кај секој еден граѓанин полека се буди и се обединуваат околу обновата која ќе победи на 15-ти јули.

„Матрицата на СДСМ започнува со предизборна измама и претпоставувам ќе дојдат овде, раката на срце, главата надесно и ќе каже за жицата, за семето, за времето и сето тоа по ред. Ама додека тоа го зборува, ќе ви каже десетина лаги кои што мисли и убеден е дека вие ќе поверувате. Отприлика тоа е првиот чекор од таа нивна матрица лага предизборна. Доколку им пројде таа лага и добијат каква таква поддршка од граѓаните тогаш следи вториот чекор. А, вториот чекор е национално предавство и срам.  Потоа следи третиот чекор пљачка, криминал и корупција. И сосема на крај откако ќе го заробат обвинителството и судството тоа истото ќе им служи за пресметка со политичките противници и од друга страна ќе им служи да се амнестираат за минатите неправди од претходните влади“, појасни Мицкоски.

Мицкоски додаде дека Заев за да дојде на власт како влог ја става Македонија, говори за нејзина федерализација.

„Јас ви ветувам дека никој повеќе после 15-ти јули нема да владее со овој народ. Туку ќе работи заедно со народот и во интерес на народот. Доста беше од политичари или министри кои што одлучуваат во канцеларии. Нас ни се потребни современи европски, народни политичари кои што заедно со народот ќе ги креираат проектите за иднината на сопствената земја. Нема повеќе власт каде што тоа го прави ова раководство предводено од СДСМ и Зоран Заев. Нема повеќе шефови на партии, туку има политичари кои  што заедно со народот ќе работат во интерес на народот,“ порача Мицкоски.

Мицкоски на крајот од средбата со граѓаните од Дојран вети дека по 15-ти јули кога ВМРО-ДПМНЕ ќе дојде на власт доаѓа и правдата. Во име на правдата сите кои се огрешиле пред законот ќе одговараат.

Коронавирус