недела, 15. септември 2019. Вести денес: 77
home Вести

Мицкоски од Делчево: На маса е документ со кој Заев сака понижена Македонија и со кој губиме се што за нас е важно- не смееме да потклекнеме на лагите на власта

Мицкоски од Делчево: На маса е документ со кој Заев сака понижена Македонија и со кој губиме се што за нас е важно- не смееме да потклекнеме на лагите на власта

Бев во посета на Делчево, град кој силно ги чуствува последиците од хаосот кој го создава актуелната влада, на економски и политички план, напиша лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на својот Фејсук профил.

-Го слушам денес како Зоран Заев вели референдумот на 30-ти септември бил со еднаква важност како оној на 8-ми септември 1991-та година, уште една голема лага, уште една манипулација. Има огромна разлика, ако во 1991 година тој победонесен референдум ја донесе независноста, со име на држава Македонија, со Устав каде тоа го пишува и со идентитет македонски, денес овој 30-ти септември имаме референдум за промена на име, промена на устав и идентитет. На овој референдум имаме на маса документ со кој се поништува тој референдум одржан на 8-ми септември таа 1991 година. На маса е документ со кој Заев сака понижена Македонија, документ со кој губиме се што за нас е важно, пишува Мицкоски и додава:

„Заев по цена да ја задржи својата фотеља сака да бидеме држава со променето име, сменет Устав, изгубен идентитет, држава чие евроинтеграции може да бидат блокирани во секој момент, упропастена економија и иднина која нема да дојде исто како што и животот кој што го ветуваа никогаш не дојде. Тоа не смееме да му го дозволиме. Не смееме да потклекнеме, ниту на лагите и манипулациите кои ги прави власта на дневно ниво, па ќе речат дека сум бил заврбуван, дека сум бил со овој или со оној човек, на една или друга страна, не бе луѓе, јас сум на страната на Македонците и сите граѓани на мојата земја. Државата се наоѓа пред крстоница, и ова се историски времиња.Со мудрост и со срце, достоинствено и обединето да се спротивставиме на вакви недржавни политики со кои се повеќе ни се одзема нашата татковина. Македонија има сила и Македонија ќе победи!“.