четврток, 6. мај 2021. Вести денес: 197
home Вести

Мицкоски: Од чудни телефонски броеви добивам пораки да престанам со аферата Мафија, но не им се плашам, ќе продолжам уште посилно, или Македонија, или мафијата

Мицкоски: Од чудни телефонски броеви добивам пораки да престанам со аферата Мафија, но не им се плашам, ќе продолжам уште посилно, или Македонија, или мафијата

Во вечерашното издание на дебатната емисија “Заспиј ако можеш” на ТВ Алфа гостуваше претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски кој се осврна на моменталната политичка ситуација, лошите владини мерки, како и на актуелниот случај со издадените пасоши на мафијаши и наркобосови во Република Македонија.

Мицкоски вели дека изминатите неколку денови од непознати броеви добивал безброј закани по неговиот живот и по животот на неговите најблиски, но дека тоа нема да го поколеба во борбата против оваа криминална и расипничка власт. Тој додаде дека овие притисоци датираат од многу порано, односно секогаш кога ВМРО-ДПМНЕ ќе тргне да објавува криминални афери на власта, тогаш се активираат насилниците кои најверојатно работат по нечија директива.

“Јас сум се нафатил на оваа работа и стојам на чело на ВМРО-ДПМНЕ затоа што мојата намера е да расчистиме еднаш засекогаш со овие криминални политички гарнитури. Македонија не може да застане на нозе, ако вакви луѓе продолжат да ја водат државата. Покрај сите закани и уцени кои ги примам секојдневно, можам да порачам само дека нема никогаш да престанам и дека оваа борба ќе ја водам се додека оваа власт не падне, а потоа сите до еден да одговараат пред лицето на правдата. Македонија не смее да остане земја на криминал”, истакна Мицкоски.

Власта неколку години по ред се крие и ги штити своите соработници преку закани, уцени и притисоци. Неколку пати тие тргнаа тоа да го прават лично кон мене, некогаш кон ВМРО-ДПМНЕ, некогаш дури и кон членови на ВМРО-ДПМНЕ. Залудни се нивните обиди да ја замолчат опозицијата и да го замолчат ВМРО-ДПМНЕ. Допрва доаѓаат деновите кога ќе бидат расветлени сите случаи кои јавноста не ги знае, а заслужува да биде запознаена како за овој случај поврзан со пасошите, заврши Мицкоски.

Најнови вести

Коронавирус