сабота, 15. август 2020. Вести денес: 62
home Вести

Мицкоски од Чаир: Нема место за криминалците во политиката, доаѓа Обнова

Мицкоски од Чаир: Нема место за криминалците во политиката, доаѓа Обнова

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денес заедно со потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и носител на изборна единица 2, Владо Мисајловски ја посетија општина Чаир. При средбата со граѓани Мицкоски посочи дека има уште малку до 15-ти јули, денот кога ќе победи обновата. Денот кога ќе започне обновата за граѓаните и Република Македонија.

„Денешниот говор ќе го започнам со реченица која што ми ја кажа еден мој пријател пред два дена, а кој што не е од Македонија, живее надвор инаку е родум тука. Вели – „Христијан, Зоран Заев за граѓаните во Македонија е вистински кошмар, но затоа е најдобриот и најслаткиот сон за некои соседи“. И тоа е така драги пријатели. Затоа што кај Зоран Заев и СДСМ барем ова раководство на СДСМ граѓаните на Македонија, самата Македонија се некако на дното на приоритетите. Кога зборуваме на дното нему му се поважни многу други работи, поважни му се сите оние лични агенди кои што е одлучен да ги турка на сметка на честа и достоинството на граѓаните во Македонија без разлика на нивниот етнички состав, без разлика на нашите етнички и верски различности“, појасни Мицкоски.

Мицкоски додаде дека за жал граѓаните на Република Македонија секогаш се наоѓаат на дното на приоритетите на Зоран Заев и на оваа влада предводена од СДСМ.

„Матрицата на СДСМ без исклучок е составена од четири чекори. Првиот чекор е онаа лага позната за нив и тука најчесто таа лага е кажана со раката на срцето, главата налево или надесно, малку за жицата, малку за времето, малку за семето, изгубен така како талка итн. И ќе каже неколку лаги со цел да ги добие симпатиите на гласачите и на народот. Откако ќе добијат можност да управуваат со владата иако за волја на вистината веќе 18 години СДСМ нема победено на парламентарни избори, ќе потсетам 18 години така ќе биде и сега на овие избори. На овие 18 години ќе додадеме 4, па ќе бидат 22 години. Од тука веднаш доаѓа и вториот чекор, а тоа е национално понижување, национален срам. Третиот чекор од таа нивна матрица без исклучок е пљачка и криминал, масовна пљачка и масовен криминал. И конечно последниот чекор тие го заробуваат обвинителството, судството. Обвинителството е заробено за да се пресметаат со политичките неистомисленици, противници. А, судството за да можат да се амнестираат за некоја неправда направена од минатото“, истакна Мицкоски.

Мицкоски потсети на сите криминалии на СДСМ. СДСМ единствено нанесува зло на македонските граѓани. Оваа партија единствено гледа за своите лични интереси, тие не се грижат како македонските граѓани живеат.

„Јас ви ветувам дека во првите 100 дена секој оној кој што се огрешил пред законот, осрамотил пред граѓаните без разлика дали е политички определен или неопределен на онаа или оваа политичка партија ќе одговара. Од прв до последен. Доста беше неправди, овој народ е уморен од криминалци, од натрапници во  политиката“, вети Мицкоски.

Мицкоски за крај порача на граѓаните дека на 15-ти јули ќе победи обновата и со тоа доаѓаат и најдобрите четири години за Република Македонија.

Коронавирус