четврток, 13. август 2020. Вести денес: 0
home Вести

Мицкоски од Богданци:За СДСМ и  Зоран Заев, Македонија и македонците  секогаш биле на дното на приоритети во неговата политичката агенда

Мицкоски од Богданци:За СДСМ и  Зоран Заев, Македонија и македонците  секогаш биле на дното на приоритети во неговата политичката агенда

Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ денеска оствари средба со граѓаните во Богданци каде рече дека таму се чувствува како дома и дека секогаш му е предизвик да зборувам пред богданчани. Имено тој им се заблагодари  на ветераните, на Унијата на млади сили, на Унијата на жени, на општинскиот комитет.

-Еден пријател кој е надвор од земјата ми вели за вас Зоран Заев е најголемиот кошмар, за вас македонците, но затоа е пак најдобриот сон за некој од вашите соседи, зошто е тоа така? Затоа што секогаш во приоритетите на Зоран Заев во неговата политичка агенда македонците, Македонија биле секогаш на дното, никогаш не биле на врвот од неговите приоритети. Затоа драги сограѓани овие избори не се обични избори, но истовремено тоа се избори кои ние треба да одлучиме во каква држава сакаме да живееме, каква да биде иднината на нашите семејства и на нашите потомци, но истовремено и да ја оправдаме честа на нашите предци кои што со живот го платиле она кое ние денеска го живееме. Затоа велам дека ова не се обични избори. На овие избори ќе се најдеме на една раскрсница на која што ќе бираме помеѓу стари транзициони, истрошени политичари и луѓе кои имаат визија, решение, мотивирани се како да ги надминат проблемите за реализирање на крајната цел. Ова се избори во кои ќе се спротистават два сосема различни политички концепти, во кој ќе се спротистави неправдата и срамот, гордоста и правдината, подвитканата кичма и понижувањето или гордо крената глава и честитоста. Ова се избори во кои криминалот и корупцијата ќе се спротистават на законите и одлучуваме каква ќе биде нашата Македонија за година дена, истакна претседателот Мицкоски.

Мицкоски посочи дека е убеден во оној пиреј кој што се буди во секој еден граѓанин односно во онаа решителност и храброст и одлучност да се спротистави на ова раководство на СДСМ предводено од Зоран Заев.

– Јас нема да зборувам за критиките на ова раководство на Зоран Заев и сето она што се случи во изминатите 3 години, секој од вас тоа го почувствувал на себе, секој е посиромашен, секој од вас се чувствува понижен, засрамен и сто тоа  е чувство кој секој од нас поединечно го носи со себе. Јас сакам да зборувам за оној начин како се однесува СДСМ кога ја води владата.

Најпрво ќе дојде Зоран Заев и најпрво ќе ви каже за неговата жица, за неговото семе, но попат ќе ви каже и најмалку 10 невистини со кои ќе се обиде да ги добие симпатиите и да ја добие поддршка од вас. Доколку по некоја случајност успеат да формираат влада иако да бидам искрен веќе 18 години СДСМ нема победено на парламентарни избори така ќе биде и на овие 4 па ќе ги додадеме на овие 18 и ќе бидат 22.Потоа следи вториот чекор во таа матрица, а тоа е национално опустошување, тоа е она кое на нив им следи. Третиот чекор е пљачка, криминал, корупција, а четвртиот чекор да го заробат обвинителството, судството и потоа се знае пресметка со политичките неистомисленици и да се исперат од некоја неправда од минатото, потенцираше лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Мицкоски во своето обраќање укажа дека ако коалицијата СДСМ Беса добие можност, Македонија е на маса, овој пат ќе следи федерализација и конечно уништување на Македонија.

-Сетете се колку пати овој човек не измамил, не ја кажал вистината, така и овој пат. Секој оној кој што ќе излезе на 15 јули и кој што ќе заокружи за Зоран Заев треба да е свесен дека овој пат заокружува за конечно уништување на Македонија. Јас сум сигурен дека тоа нема да се случи, тоа се чувствува, народот овој пат е одлучен да излезе уште рано наутро и на 15 јули да го заокружи бројот 14, рече Мицкоски.

Тој порача дека со обнова доаѓа време на политичари кои работат заедно со народот и интересите на народот.

-Составивме читанка од 360 страни наречена Проект „Обнова“. Таму има повеќе за секого. Таму ќе најдете како во еден мандат да ја зголемите просечната плата за 25 %, како за 20% да ги зголемиме пензиите и да го вратиме старото законско решение кога пензиите два пати годишно растеа, како до 4 милијарди евра домашни и странски инвестиции и уште многу други проекти за подобар живото на сите граѓани во Република Македонија, додаде Мицкоски.

Коронавирус