сабота, 24. октомври 2020. Вести денес: 51
home Вести

Мицкоски од Битола: Заевизмот паѓа, обновата доаѓа!

Мицкоски од Битола: Заевизмот паѓа, обновата доаѓа!

Вчера во Битола поминав прекрасен ден. Ме радува големот одзив на нашата акција „Разговори за обнова на Македонија“, ме радува тоа што и покрај големите проблеми кои ги создава ненародната влада, сепак народот не потклекнува и не се предава, туку напротив има мотивација и инспирација да се избори за подобра иднина, го гледам тоа во очите на граѓаните, го препознавам во секој стисок на рацете, во секој нивен збор. Тоа е обврска повеќе за мене и за мојот тим да го вложиме секој атом од нашата сила за да испорачаме решенија за проблемите.Нашата извесна и скорешна победа е заедничка со народот и тоа ја прави уште поголема и позначајна.

Заевизмот паѓа! Обновата доаѓа! Благодарам Битола, напиша на Фејсбук, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

 

Коронавирус