понеделник, 2. август 2021. Вести денес: 53
Во живо

Изјава на Александар Николоски

home Вести

Мицкоски на средба со штедачите од ТАТ: Никогаш повеќе криминал, корупција и држава на колена, доаѓа обнова во која ќе има правда и повеќе пари за народот

Мицкоски на средба со штедачите од ТАТ: Никогаш повеќе криминал, корупција и држава на колена, доаѓа обнова во која ќе има правда и повеќе пари за народот

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска оствари средба со жителите на Битола.

При посетата тој се сретна и со штедачите од пропаднатата штедилница ТАТ, каде им вети обнова која сигурно ќе ја реализираат во наредните четири години.

-Во Битола се видов со штедачите од пропаднатата штедилница ТАТ. Тажна судбина на многумина кои загубија се во животот. Во тоа време Радмила Шекеринска беше функционер во СДСМ, а Зоран Заев на почетокот на својата политичка кариера. Денес истите ликови се актуелни во политиката. Тогашниот октопод го надоградија со рекетарски Октопод. Затоа, сето ова може да се прекрати, а одговорот е 15 јули. Не ветувам работи за кои не сум стопроцентно сигурен дека ќе ги остварам, но тоа што го ветувам, а го има во програмата Проект „Обнова“ бидете сигурни дека ќе го реализираме. Никогаш повеќе криминал, корупција и држава на колена. Доаѓа обнова во која ќе има правда и повеќе пари за народот.
#ИсправиСеМакедонијо, стои во неговиот пост на Фејсбук.

Во Битола се видов со штедачите од пропаднатата штедилница ТАТ. Тажна судбина на многумина кои загубија се во животот….

Posted by Hristijan Mickoski on Sunday, June 28, 2020

Коронавирус