петок, 13. декември 2019. Вести денес: 0
home Вести

Мицкоски од Берово: Се живее тешко и очајно, затоа се потребни промени!

Мицкоски од Берово: Се живее тешко и очајно, затоа се потребни промени!

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ денес е во посета на Берово и беровско, во селото Будинарци каде масовно се прославува празникот Пресвета.

-Младите немаат перспектива, младите масовно се иселуваат. На малешевскиот крај му се заканува, за жал, судбината на веќе иселениот мијачки крај, на многу места во битолско и другите краеви на Македонија кои веќе во целост се иселени. Младите не ја гледаат перспективата, и затоа се иселуваат, а животот кој толку многу го ветуваа никако да се случи. Луѓето кои веќе живеат таму се незадоволни од она што го живеат и чувствуваат, овде розевата слика која ја креира владата не поминува. Се живее тешко и очајно, затоа се потребни промени. Потребни се резултати и успеси, порача тој.